Дискотеката „Пулс“ во која се случи пожарот работела со фалсификувана дозвола издадена во време кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ. Документот кој го објави „ТВ21“ покажува лицената е за кабаре клуб на адреса Ул. Крижевска бр 2, во Кочани, издадена на 13.3 2023 година.

Ово објект една година работел на „црно“ и се поставува прашањето што работеле институциите и како воопшто се дозволило ваков објект да прима посетители, во случајов млади.

Дискотеката била во приватна сопственост, и истата менувала сопственици во текот на изминатите години, пишува „ТВ 21“. Сегашниот сопственик цело време бил во сопственичката структура на ноќниот клуб.