Државната комисија за спречување на корупција отвора предмет за обвинувањата на опозицијата со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. Комисијата ќе испитува дали постои судир на интереси.
Проверките за Андоновски доаѓаат откако опозициската СДСМ обвини дека се работи за конфликт на интереси и сомнежи за корупција, поврзани со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра, кои ги добила фирма во сопственост на сопругот на државната секретарка во министерството.
Ја поздравуваме одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги доставиме веднаш штом бидат побарани од Министерството, велат во соопштение до јавноста од министерството за дигитална трансформација.