strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: ДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки
МАКЕДОНИЈА

ДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки

Објавено June 2, 2025 18:53
strana.mk
Сподели
Сподели

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари.

Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, во пријавата навел дека за ист или сличен предмет за јавна набавка во 2021 година вредноста била поголема отколку во 2022 година, и според него со оглед дека станува за иста, односно идентична спецификација разликата во цена за една година отвора сомнение за коруптивно однесување во првиот случај на набавка.

-Со цел проверка на наводите од пријавата ја побаравме и обезбедивме целокупната документација, заклучивме дека клучен фактор кој влијаел на разликата на цените е отфрлање на понудата на едниот економски оператор во 2021 година. Имајќи предвид дека дополнително безбедносниот лист бил предвиден како услов за квалитативен избор договорниот орган можел да побара појаснување или дополнување на документацијата како што било сторено во јавната набавка во 2022 година, но тоа не било сторено и во постапката за јавна набавка останал еден економски оператор. Анализирањето на двете постапки за јавни набавки упатува на сомневање дека од страна на служебните лица на јавното претпријатие е постапено спротивно на начелата за конкуренција помеѓу економските оператори и еднаков третман и недискриминација. Имено, изнесеното упатува на сомневање дека во тендерската документација во 2021 година се утврдени технички спецификации кои не одговараат со вистинските производи на пазарот, произлегува дека постои сомневање на погрешно дефинирање на спецификации за продукти кои не постојат на пазарот. Дополнително од увидот на документацијата за реалзиација на двете набавки не може со сигурност да се утврди што е испорачано, рече Каракашова Шулев.

Членовите на Комисијата одлучија да биде поднесе иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство.

Антикорупционерите на денешната седница, разгледаа и пријава против директор на Казнено поправен дом со наводи за злоупотреба на службената положба и овластувања, која беше затворена, поради немање елементи за понатамошно постапување. Како што посочи членот на ДКСК Зоран Богоевски, според пријавата директорот на одредени лица им исплаќал плата, иако не се појавувале на работа со што била нанесена материјална штета на установата, а воедно во пријавата се наведува дека се изврешени и злоупотреби по однос на боледувања.

-Заради проверка на наводите и утврдување на фактичката состојба се обративме до Државниот инспекторат за труд со барање за вршење на вонреден инспекциски надзор. Од страна на инспекторатот е постапено. Извршени се два инспекциски надзора и доставени ни се записници според кои утврдивме дека од страна на инспекторатот не биле утврдени прекршоци, односно според увидот од електронската евиденција не е констатирано отсусто на наведените вработени додека по однос на злоупотреба на боледувањето биле издадени од страна на здравствена институција и овластен лекар. ДКСК утврди дека нема елемнти за понатамошно постапување, истакна Богевски.

ДКСК разгледа и пријава за недподнесување на имотна состојба за две лица и тоа директор на општа Болница Куманово и директорот на Здравствен дом Куманово. ДКСК по извршениот увид констатира дека за првото лице од денот на именување до престанок има поднесено изјава за имотна состојба до ДКСК, а во врска со второто лице е констатирано дека лицето не било именувано за в.д директор туку бил со овластување, со што се донесе одлука предметот да се запре.

Антикорупционерите разгледаа и наводи за незадоволство по постапување на Комисија за одлучување по барање за денационализација по поднесено барање за денационализација. Според пријавата подносителот заедно со други баратели доставиле барање за денационализација во декември 2007 година до Управата за имотно правни рбаоти, а во врска со враќање во сопственост на недвижен имот кој претходно бил одземен. Подносителот наведува дека по барањето се уште не било постапено.

Во пријавата било посочено дека за овој предметен случај се водело постапка пред Управен суд кој имал донесено пресуда во која се даваат насоки да се дозволи бараната денационализација како и насоки од судот кој требало да се следат од првостепениот орган во овој случај Комисијата при Министерството за финансии. Тужбата на тужителот била уважена од страна на Управен суд, а решението за денационализација било поништено и на Комисијата и било наложено да донесе нов управен акт за што според пријавата се уште не било постапено.

-Со цел проверка на овие наводи доставивме барање до Министерството за финансии односно до комсијата и во законскиот утврден рок ги добивме бараните информации и податоци при што министерот за финансии преку наведената Комисија не извести дека постапката во врска со донесената пресуда од Управен суд и дека на министерствто да наложи нов управен акт е испочитувано од страна на министерот и дека комисијата има донесено ново решение од 2025 година со кое барањето е уважено, односно недвижниот имот е вратен во сопственост на барателите, според тоа ДКСК утвррди дека нема елементи за понатамошно постапување, рече членот Зоран Богоевски.

ДКСК разгледа и предмет по пријава поднесена од непознат подносител против началник за економски криминал од Македонски Брод, со наводи дека ова лице несразмерно го зголемило својот имот во споредба со неговите редовни примања и дека изнудувал парични средства од лица на кои поднесувал кривични пријави и дека добивал парични приливи од странство и дека истите не се пријавени. Комисијата по овој случај констатира дека нема елементи за надлежно постапување со обрзложение дека се работи за прашања од законска надлежност на друг орган.

-Имено, според членот 70 став 2 од Законот за внатрешни рбаоти работниците од министерството се должни во рок од 30 дена да пријават зголемување на имотот или имотот на некој од членовите на семејството како и промена на интереси во постапка и услови утврдени со закон до надлежната организациска единица во министерството, а согласно акцискиот план за имплементација на антикорупциската програма за 2025 година одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди врши контрола на обврската за пријавување на имоти и интереси од страна на вработените во министерството, посочи членот на комисијата Софија Спасова Медарска.

Комисијата по разгледување на пријава поднесена против судија на Основен суд со изнесен сомнеж за слоупотреба на службена положба при постапување на судски предмети констатира дека ДКСК нема елементи за постапување од причина што пријавените дејствија не биле дејствија по кои Комисијата нема надлежност да постапува, а предметот ќе бил доставен на понатамошно надлежно постапување до надележен орган односно до Судскиот совет.

На седницата, исто така, се разгледуваше и пријава против полициски службеник со наводи дека службеното лице учествува во криминални истраги, односно како сопственик на угостителски објект подолг временски период врши малтретирање врз локалното население преку заплашување, закани, омаловажување, исто така во делот од поднесената пријава е посочено дека службеното лице го користи службеното оружје надвор од работно време. Членовите на комисијата посочија дека на оваа пријава е доставено дополнение со кое се наведува дека во делот кај што живее службеното лице предизвикан е пожар во една куќа како дополнителна околност на пријавата.

-Констатиравме дека не е во надлежност на постапување на ДКСК, туку овие прашања се во надлежност на МВР. Исто така, направивме анализа на јавните информации и увидовме дека Јавното обвинителство веќе има поведено постапка против наведеното лице поради што предметот треба да се затвори, констатира членот на Комсиијата, Цвета Ристовска.

Комисијата разгледуваше и други пријави против судии и полициски службеници за кои констатира дека немаат надлежност за постапување.

TAGGED:дксккомунално претпријатиенезаконски јавни набавки
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Српска опозиционерка ја обвини власта дека соработува со криминалецот Филип Кораќ
Следна статија Лукаку, Куртоа, Де Брујне доаѓаат во петок на „Градски“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Ирска е земја со најмоќниот пасош во светот, Македонија е на 81 место

Рангирањето на „Nomad Capitalist“ за 2025 ја смести Ирска како држава со најмноќниот пасош во светот. Македонија на оваа листа…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

ВО ЖИВО Венчавка на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на Галичка свадба

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната…

July 13, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?