Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, доби 20.000 евра отштета откако члeнка на обезбедувањето во Зара влегла во нејзината кабина додека таа се пресоблекувала. Џојс рекла дека била вознемирена кога ѝ ја отворила завесата во кабината додека, како што кажа, била делумно соблечена, пренесува Дејли Мејл.
Таа, исто така, пред судот изјави дека била држена против нејзина волја во кабината за пресоблекување, а потоа „ја претставиле како крадец и ја испрашувале пред другите клиенти, иако не направила ништо лошо“. Џојс тврдеше дека била жртва на клевета бидејќи во присуство на други лица било имплицирано дека е „вмешана во криминални активности“, иако, како што рече, само сакала да проба нова облека.
Судот пресуди во нејзина корист и ѝ наложи на Зара и на нејзиното обезбедување да ѝ исплатат отштета од 20 илјади евра. Нејзината адвокатка, Естер Ерли, изјави пред судот дека Кристал често се фотографира во соблекувалните додека пробува женска облека во различни продавници, а потоа ја промовира и препорачува таа облека на своите следбеници на ТикТок.
Судијата кој работеше на нејзиниот случај објасни дека „се случило големо несогласување“ и смета дека на инфлуенсерката ѝ била нанесена штета.

„Обвинителката даде искрени и отворени изјави“, рече тој. Тој исто така кажа дека доказите на Зара не биле ниту убедливи, ниту веродостојни. „Постапиле на начин кој ѝ нанел штета на девојката“, додаде тој.