Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари, потврди вицепремиерот Александар Николоски.Тој смета дека ова е голема работа и чест и говори за добрите односи меѓу двете зејмји.
Премиерот доби покана и веројатно ќе биде единстениот лидер што ќе присуствува на инаугурацијата.Тоа е огромна чест и привилегија, нешто што многу говори и за државата и за него лично како е доживеан и ценет во најсилната држава во светот.Убеден сум дека ова премиерот ќе го искористи и во најдобро светло ќе ја претстави Македонија и македонските интереси-изјави Николоски во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа.