Во Лондон синоќа беа доделени 78. награди БАФТА на најдобрите филмови, актери, режисери и други филмаџии.
Наградата за најдобар филм му припадна на ватиканскиот трилер „Конклава“, кој важеше за фаворит. За оваа награда конкурираа и филмовите „Анора“, „Целосно странец“, „Бруталистот“ и „Емилија Перез“.
Другите добитници на БАФТА наградите се?
Најдобар актер – Адриaн Броди, „Бруталист“
Најдобра актерка – Мики Медисон, „Анора“
Најдобра споредна женска улога – Зои Салдана, „Емилија Перез“
Најдобра споредна машка улога – Киеран Калкин, „Вистинска болка“
На негово место наградата ја прими Џеси Ајзенберг.
Најдобра оригинална музика – „Бруталист“
Најдобра актерска екипа – „Анора“
Најдобра монтажа – „Конклава“
Најдобар звук – „Дина: Дел 2“
Најдобри специјални ефекти – „Дина: Дел 2“
Ѕвезда во подем – Дејвид Џонсон
Најдобар британски филм – „Конклава“
Најдобро британско деби (сценарио, продукција, режија) – „Капа за колена“
Најдобар странски филм – „Емилија Перез“
Најдобар документарен филм – „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“
Најдобар анимиран филм – „Волас и Громит: Одмаздата со пердуви“
Најдобар режисер – Брејди Корбер, „Конклава“
Најдобро оригинално сценарио – „Вистинска болка“
Најдобро адаптирано сценарио – „Конклава“
Најдобра шминка и фризура – „Супстанција“
Најдобар британски краток филм – „Камен“, хартија, ножици“