Сузана Езпосито (Susanna Esposito), директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, кој беше еден од 193-те повредени во трагедијата во Кочани, дојде во Штип да го посети Симон, на покана на неговите родители, објави на својот профил Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО). Симон на 18 март, 2 дена по трагичниот настан во кој во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 62 лица, бил пренесен во Италија.
Симон Крстев во болницата во Парма беше примен со „хемиска пневмонија“ и со изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот оддел. Тогаш родителите на Симон ја покануваат проф. Сузана Езпосито да ги посети во Штип. Денеска проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе проф. Сузана Езпосито во Штип. Ѝ се заблогодарив на проф. д-р Сузана Езпосито за сѐ што е направено за Симон и ѝ порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија!“, напиша вчера Клековски во својата објава на фејсбук.