Во екот на вирозите и сеознскиот грип кои често се пропратени со висока телесна температура, едно од најчестите прашања кои ги мачат родителите колкава доза на антипиретик е соодветна за возраста и тежината на детето.
Доктор Ненад Лазаров со одговор.
Во период на пик на сезонски вирози, особено грипот годинава дава високи температури, сакам да ви обратам внимание на значењето на правилно и прецизно дозирање на парацетамол особено кај дечиња. Прецизно дозирање на парацетамол кај деца е важно за да се избегне предозирање од една страна и да се обезбеди ефикасност т.е регулирање на покачената температура, појаснува тој.
Докторот советува да не се водите по возраста на детето туку по телесна тежина!
– Непходно е да се истакне дека 1 милилитар помалку од соодветна доза може да значи дека нема да ја намалите соодветно покачената температура, кај бисоки фебрилности над 39 степени одете со максималната препорачана доза. Препорачаната доза е околу 10-15 мг/кг на телесна тежина, со максимум четири дози во 24 часа и минимум четири часа помеѓу дозите12, вели доктор Лазаров.
За прецизност, се препорачува да се користи мерна лажичка или шприц за перорална употреба и да не се надминуваат препорачаните дози.
Повелете подолу таблица за увид, не се водете по возраст на детето туку по телесна тежина, порача познатиот доктор.

