Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл повторно се главна тема на таблоидите. Веќе некое време се пишуваше дека сопружниците имаат криза во бракот и дека дури и се развеле.
Нивниот молк за овие шпекулации уште повеќе ги подгреа озборувањата. Сепак, принцот реши да зборува на оваа тема:
„Наводно, 10, 12 пати сме ја купиле или смениле куќата. Исто така, наводно се разведувавме можеби 10, 12 пати. Па што е со тоа?“, рече тој на самитот организиран од Њујорк Тајмс.
Додаде дека се навикнал на медиумското лудило, а кажа и дека му е жал за хејтерите кои вложуваат време во неговиот брак.
„Нивните надежи само се градат, а потоа тоа не се случува. Па, жал ми е за нив. Искрено“, рече тој.
Тој се извини и на новинарот кој го интервјуираше, бидејќи смета дека и тој може да стане жртва на гнев по нивното интервју. Тој вели дека не се сомнева дека интервјуто ќе биде свртено против него, па затоа евентуално и против новинарот на Њујорк Тајмс со кој разговарал.
„Можам само да се извинам за тоа, но вие ме поканивте, па не сум јас виновен“, одговори на шега принцот.