strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска
ЕКОНОМИЈА

Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска

Објавено June 25, 2025 13:18
strana.mk
Сподели
Сподели

ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност, што е потврда дека секој мегават од браната која ќе биде изградена, ќе претставува чекор напред кон нашата енергетска самостојност, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на прес-конференција по повод првата година од основањето на Министерството.

Таа исто така најави дека во кус временски период ќе се дознае на кој начин ќе се реализира проектот за хидроцентралата, за која досега имаше 14 неуспешни тендери, целосно од страна на државата или преку јавно-приватно партнерство.

Вкупниот износ на инвестицијата е минимум милијарда евра, а се проценува дека би можел да достигне до милијарда и 300 милиони евра.

Препораката на експертите од работната група за Чебрен и Галиште беше дека проектот треба да е наш, во државна сопственост.Сега проверуваме колку тоа би чинело, минимумот е милијарда евра, бројката достигнува до милијарда и триста милиони евра.Буџетот знаете каков ни е, имаме повеќе опции, ќе видиме што е најисплатливо за нас како држава бидејќи милијарда и 300 милиони не е мала бројка.Најубаво е да биде наш, македонски, но треба да се договориме колку финансии ни се потребни веднаш бидејќи тоа е проект кој ќе се гради осум години.Да видоме што значи тоа финансиски за нас, дали ќе биде 100 проценти наш или јавно-приватно партнерство што ќе го знаме се надевам за многу кратко време – рече Божиновска на новинарско прашање.

Воедно, таа уверува дека Владата не се откажала од проектот Вардарска долина во замена за изградбата на брзата железница на Коридорот 10.

Не сме се откажале од ништо, разговараме со министерот за транспорт, тоа ќе видиме, мислам дека се работи на трасата. Не сме се откажале од ништо што е бенефит – посочи министерката Божиновска.

Презентирајќи ги постигнувањата, таа рече дека една година по формирањето на Министерството за енергетика е изградена институција која ја движи енергетиката.

Таа потенцираше дека цената на електричната енергија останува иста, односно дека цела оваа година ќе остане непроменета, а граѓаните ќе имаат греење, светлина и енергија за своите бизниси. Таа особено го нагласи и значењето на новиот Закон за енергетика.

Божиновска рече дека на тендерот за интерконекторот со Грција е постигната пониска цена за 12 милиони евра и дека е вклучена македонска компанија, а исто така најави дека до 10 јули ќе има свеченост за почеток на работите на гасниот конектор.

Лани поделивме 6000 ваучери за инвертер клими, се надеваме дека и до крајот на годната ќе имаме уште една таква акција, 60 милиони денари за ранливите потрошувачи, 7000 домаќинства ќе добиваат струја од фотоволтаици кои се поставени на некогашните рудници.Во рударството се надевам сите забалежаа дека има големи промени, спроведовме 405 инспекции, одземавме дозволи на оние што не ги почитуваат правилата, го зголемивме тарифникот за концесии, во првиот квартал наплативме 247 милиони денари, двојно повеќе од лани, го полниме Буџетот – соопшти Божиновска.

Таа истакна дека се инвестира во паметни мрежи и се зајакнува регионалната соработка.

Го менуваме начинот на размислување, претходно немаше институција која ќе се грижи за нашите енергетски објекти, воведуваме ред, контроли, инспекции.Сите да бидеме свесни дека ова е сериозен предизвик и не може да реагираме толку бргу, но ги поставивме темелите.Правиме и контроли, тука немаме компомиси, работиме транспарентно – посочи Божиновска.

Според неа, изминатата година беше доказ дека можеме многу, но потенцира дека ова е само мотив, нема да застанеме тука и дека се работи на уште шест закони.

Се надеваме дека ќе ја вратиме енергетската моќ кај нас, ќе инвестираме, ќе модернизираме.Сакаме да ја имаме Македонија енергетски силна, економски стабилна и еколошки чиста – порача министерката за енергетика.

На презентацијата беше истакнат десетгодишниот план за развој на преносната мрежа, паметни броила без паушал и со јасни сметки, батериски системи со обврска за складирање на 20 проценти од произведената енергија за заштита на мрежата, воведена е методологија за енергетска сиромаштија и обезбедена е забрана за исклучување на струја во зимските месеци за ранливите домаќинства.

Според Божиновска, се гради независен и модерен енергетски систем, се модернизираат традиционалните капацитети, се градат нови обновливи извори на енергија и се развиваат регионалните интерконекции.

Потпишан е договорот за интерконекторот со Грција – 68 километри гасовод, активиран е проектот за енергетско поврзување со Албанија, за што е објавен тендер, а стартот се планира за следната година. За проектот за гасна мрежа со Србија, пак, е потпишан Меморандум, студиите се готови и се работи на хидроген компонентата.

Со инвестициски циклус во преносната инфраструктура се ветува крај на ризиците од испади со нова трансформаторска станица ТЦ Битола 2, за сигурност на снабдувањето за Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп.

Затекнавме исцрпени хидролошки капацитети – водостој на критично ниво од 4 проценти, а со внимателно и одговорно менаџирање, година подоцна водостојот е над 50 проценти капацитет – посочи Божиновска.

Од инвестициите во чиста енергија потпишани се договори за фотоволтаични електрани на поранешни рудници: „Битола1“ и „Осломеј“ од 46 GWh годишно за 7,000 домаќинства, со пет милиони евра грант од ЕУ, „Битола 2“ – 47,3 милиони евра, како нов инвестициски циклус преку КФВ, почната е втората фаза од ветерниот парк Богданци, што ќе значи четири нови турбини од 15 MW, енергија за 6,000 домаќинства, а инвестиција од 37,6 милиони евра.

Божиновска, потенцирајќи дека е модернизиран пазарот на енергија, потсети дека првпат е издадена зелена гаранција за потекло на електрична енергија на АД ЕСМ во мај годинава за хидропроизводство од Козјак, Вруток.

Исто така, во февруари почна тргување во евра на Македонската берза на електрична енергија, има нови тендерски правила за снабдување, индексирани според македонската берза, се развиваат модели за CfD аукции и спојување на пазарите со европските берзи, а МЕМО од 5 јуни и официјално е назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија.

Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство.

Една година по основањето, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има 109 вработени, 53 жени и 56 мажи.

TAGGED:божиновскаЧебрен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 
Следна статија На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Aдвокатот на Видевски прашува: Kaко Панче е убиен во 10 и 30 утрото кога цела Македонија го виде како полни бензин во 12 и 30 часот?

Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот…

June 25, 2025

Шок во НБА: Јокиќ си заминува од Денвер?

Дали еден најдобрите кошаркари – Никола…

June 25, 2025

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко…

June 25, 2025

Адвокатот на Кешишев: Да не беше тој немаше да бидат пронајдени телата

Според Игор Ефремов, бранител на Влатко…

June 25, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Мемов: Препораките на Фискалниот совет за пензионирање не се прифатливи во овие услови и во овој момент

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов вели дека препораките на Фискалниот совет за пензионирање не…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за…

February 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?