На крајот на 2023-та беше во скопска полициска станица поради многу пиротехника ставена во гепек, но на крајот на 2024-та Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети се лоцира сам со фотографија на социјалната мрежа Инстаграм дека е во Њујорк. Според информациите на Телма, 24-ти декември до 3-ти јануари, младиот Ахмети споделувал слики дека е во Њујорк заедно со блиски лица, меѓу кои и неговиот брат Бесиан Ахмети.
Се фотографирал пред ресторан во група во Бруклин и пред културен центар во Менхетн. Во годишна објава на инстаграм, во која Дрин Ахмети вели „восхитувачка година помина, можеби следува уште подобра“ се ставени и фотографии со неговиот татко кој го посетил во Америка.
Има и американска фотографија со Ник Назар Мехмеди, американец со корени од Ресен кој во Далас има стриптиз барови и за две години изврши две уплати од околу 7 и пол милиони евра на сметката на фирмата Тхор преку која Дрин Ахмети го спроведуваше купувањето на деловно-трговскиот центар Соравија.
Според информации на Телма, Дрин Ахмети од Македонија заминал на крајот на јули, но од МВР и од обвинителството не одговорија на прашањето кога е излезен и дали бил повикан на распит во рамки на предистрагата за случајот Соравиа.
Обвинителството веќе има прибрано документација која се вештачи во МВР, но се уште чека меѓународна правна помош од САД бидејќи милиони долари и евра се уплатени од Америка на скопската сметка на фирмата Тхор.
Од друга страна, податоците на бизнис мрежа покажуваат дека на Тхор чиј сопственик е Дрин Ахмети, е блокирана банкарската сметка. Блокирана банкарска сметка има и Соравиа инвест, фирма која го поседува деловниот центар во Скопје.
Лани на почетокот на декември, сопственоста врз фирмата и деловниот центар е префрлена од една во друга австриска фирма, но според јавно достапните податоци и на двете фирми сопственик е Хано Соравиа од Австрија.
извор: Телма