Од ДУИ го размонтираа шаторот од пред Уставниот суд и најавија дека пак ќе го постават на подготвителната седница во март.
Одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница, за иницијативите поврзани со Законот за јазиците, пред да се произнесе за неговата и уставноста на дел од неговите одредби, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи ја ја нарече моноетничка одлуката
Пред судот дојдоа лидерите на ДУИ и на Алијанса за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села. Двајцата зборуваа само на албански јазик.
„Денес овој едностран суд треба да ги отфрли 13-те иницијативи за сузбивање на албанскиот јазик. Тоа би била нивна најмудра одлука бидејќи таму се етнички чисти, без присуство на поголемата албанска заедница и третата турска заедница. Сакаме мир, стабилност, дојдовме како семејство. Не дојдовме да се судриме, туку да го слушнеме гласот на разумот“ рече Ахмети.