Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот „Кочани“.
Во продолжение соопштението
Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало инструмент за политички прогон и изборен инженеринг. Целта е јасна: директно влијание врз локалните избори и замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница.
Обвинителството целосно ја изгуби својата веродостојност со тоа што ги штити функционерите на владата, а истовремено соработува со неформални центри на моќ за да конструира случаи против поранешни министри и политички неистомисленици.
Јавното обвинителство, со оваа одлука, и официјално е декларирано заробено.
ДУИ ќе ги преземе сите демократски и политички чекори за да го заштити гласот на Албанците, интегритетот на изборниот процес и принципите на правдата и правната држава.
Повикуваме на итна реакција од меѓународната заедница, особено од институциите што ја следат реформата на правосудниот систем, да не молчат пред очигледната злоупотреба на институциите за политички цели.