Душко Чифлиганец, син на Ванчо Чифлиганец, еден од најпознатите градежни инвеститори во земјата и сопственик на „Адора“ групацијата, сепак не е починат, туку тешко повреден.
Според информациите, младит бизнисмен, при мото-трка во Брно паднал од моторот и со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен в болница. Посебно тешки повреди добил на главата.
Во моментов, тој е приклучен на апарати.
Чифлиганец како мотоциклист в последно време учествуваше и на меѓународните натпреварувања.