Срцето на 22-годишната амбициозна и креативна модна дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова синоќа престана да чука. Фросина на 15 минути пред полноќ прописно се движела по булеварот Партизански одреди, каде во близина на пекарата Силбо била прегазена од автомомобил кој се движел со над 130 километри на час.
Автомобилот, без возачка дозвола, го управувал 20 годишниот Васил Јованов од Скопје кој е добро познат на органите на прогонот, пишува Радио Лидер во својата сторија за трагичниот инцидент и индолентноста на обвинителството кое го оставило чубиецот на слобода.
Радио Лидер открива детали од истрагата, но и детали за тоа кој е Васил Јованов и каква е улогата на скопската јавно обвинителство, кое со години го штити?
,,Не, ова не е ужасна несреќа! Ова е убиство овозможено од обвинителството”, смета Радио Лидер.
Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!
Помеѓу неговата генерација во Карпош од каде што потекнува, 20 – годишниот Васил Јованов алиас Васо е познат како бесно и богато момче. Од неговите родители за својот 18 – ти роденден добил автомобил Пежо 207 кој веднаш почнал да го управува иако немал положено за возачка дозвола. За возачка дозвола никогаш не положил, ама затоа уште веднаш почнал да предизвикува невољи по скопските улици, невољи кои траат во последните две години и кои кулминираа со синоќешната прерана смрт на неготинчанката Фросина Кулакова.
Во 2023 година, скоро откако го добил автомобилот кој се води на име на неговиот татко, Васил предизвикал сообраќајка која резултирала со тешки телесни повреди на учесниците, дознава Радио Лидер од извори во МВР. Бил виновен за сообраќајката, немал возачка дозвола, добил и кривична пријава од МВР за серијата на кривични дела, но пријавата била одбиена од страна на Основното јавно обвинителство Скопје. Зошто? До овој момент немаме одговор. По вчерашниот настан на Гаврил Бубевски и на скопското обвинителство ќе им биде многу тешко да одговорат како ваков престапник со години оставиле на улица.
Ослободувањето од кривичен прогон го охрабрило младиот Васо да продолжи да вози брзо и бесно. Евиденцијата покажува дека во изминатите две години тој има добиено над 10 прекршочни пријави од сообраќајната полиција за управување без возачка дозвола, брзо возење и кршење на сообраќајни правила. Сепак, никој не му го одземал автомобилот, кој по секоја пријава тој и понатаму си го управувал уште побрзо и уште побесно.
Сите детали на Лидер