На адресата на ЕВН Хоум за само еден месец се пристигнати 1.385 барања за корекција на фактурите за струја. Граѓаните може да се жалат на високите сметки за струја за јануари, но тоа не ги ослободува од нивно плаќање, објави Телма. На пример едно семејство во декември добило сметка за струја 9.237 денари, а наредниот месец сметката скокнала на 14.252 денари или за над 50 проценти повеќе.
Сите барања за корекции на фактура кои се поднесени од страна на корисниците, посебно се разгледуваат и за истите ЕВН Хоме доставува соодветен одговор во рамки на предвидените законски рокови. Поплаката за корекција на фактура не го ослободува корисникот од плаќање, но во случај на спроведување на корекција поради претпоставени вредности во фактурата, овие уплати се земаат предвид. Понатака уплатите се користат за порамнување на идни фактури или му се враќаат на корисникот по негово барање и приложен доказ за уплата“, велат од ЕВН Хоум.
Регулаторната комисија за енергетика во петокот апелираше до ЕВН Хоум да ги корегира јануарските сметки за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди. Тоа значи дека пресметките треба да бидат прецизни за да не предизвикуваат преминување на количината на енергија во повисоки блокови за кои и цената на струјата е поскапа.
ОД ЕВН Хоум пак велат дека имаат помалку барања за корекции на фактури за разлика од минатите години.
- „ЕВН Хоме, на ниво на територија на целата држава, во јануари 2025 и декември 2024 има добиено околу 18% помалку барања за корекции на фактури во споредба со јануари 2024 и декември 2023“, додаваат оттаму.
Од Регулаторна ги повикуваа потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на струја да поднесат приговор до ЕВН Хоум, а доколку не се задоволни од одговорот на компанијата имаат право да се жалат и на нивна адреса. Оттаму повикаа и политичките партии да не ги политизираат нивните одлуки, бидејќи регулаторна е независно тело.