strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Граѓаните на Македонија со најниска доверба во ЕУ меѓу земјите кандидати за членство
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните на Македонија со најниска доверба во ЕУ меѓу земјите кандидати за членство
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Граѓаните на Македонија со најниска доверба во ЕУ меѓу земјите кандидати за членство

Објавено November 30, 2024 11:05
strana.mk
Сподели
Сподели

Мнозинството граѓани на Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина.

Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти.

Пониска доверба кон ЕУ од македонските државјани изразуваат Молдавците и тоа од 52 отсто, што сепак укажува дека мнозинството граѓани на Молдавија, како и на останатите споменати земји кандидати веруваат во Унијата.

Пониска доверба кон ЕУ од 50 отсто имаат државјаните на Турција и тоа од 42 проценти и граѓаните на Србија од 38 отсто. Сепак, и овие податоци претставуваат пораст на довербата во ЕУ за четири проценти во Турција и за два отсто во Србија споредено со овогодишното пролетно истражување.

Доверба кон ЕУ од 38 проценти изразуваат и жителите на Велика Британија, што претставува пораст за шест отсто. Кога станува збор, пак, за граѓаните на ЕУ, мнозинството од нив или 51 отсто веруваат во Унијата, што претставува највисоко измерено ниво на доверба на Европејците кон блокот во последните 17 години.

Според овие податоци, на рекордно највисоко ниво е и поддршката на Европејците за еврото, тие имаат пооптимистички поглед кон иднината и би сакале да видат посилна и понезависна ЕУ, особено во услови на актуелните глобални предизвици.

Најголема поддршка кон ЕУ или 59 отсто од испитаниците искажале младите Европејци на возраст од 15 до 24 години. Иста поддршка како кон ЕУ од 51 отсто, Европејците изразуваат и кон Европската комисија, со што таа е на највисоко ниво од 2007 година.

Речиси три четвртини од испитаниците или 74 проценти од државјаните на земјите членки на ЕУ изјавиле велат дека се чувствуваат како граѓани на ЕУ, што претставува највисоко ниво во повеќе од две децении, додека 61 отсто од Европејците се оптимисти околу иднината на ЕУ.

Речиси седум од десет испитаници или 69 отсто се согласуваат дека ЕУ има доволно моќ и инструменти за да ги брани економските интереси на Европа во глобалната економија, а ист процент се согласуваат дека Европската Унија е место на стабилност во денешниот проблематичен свет.

Една третина од Европејците или 33 отсто сметаат дека главен приоритет на дејствувањето на ЕУ на среден рок треба да бидат безбедноста и одбраната, 29 проценти тоа треба да биде миграцијата, за по 28 отсто економијата и животната средина, а за 27 проценти здравјето.

Во исто време, 44 отсто од европските граѓани сметаат дека обезбедувањето мир и стабилност ќе има највисоко позитивно влијание врз нивниот живот на краток рок, следено со обезбедување на храна, здравствена заштита и индустриски резерви и со справувањето со миграцијата, со по 27 проценти.

Кога станува збор за специфични области за дејствување на ЕУ во областа на заштитата на животната средина, 38 отсто од Европејците веруваат дека приоритет треба да се даде на користењето на енергија од обновливите извори, 31 проценти на инвестициите во одржливо земјоделство, а по 28 отсто во изградба на енергетска инфраструктура и инвестирање во чиста технологија.

Истражувањето регистрира и досега најголемата поддршка за заедничката европска валута, која на ниво на цела ЕУ изнесува 74 отсто и само во Еврозоната 81 процент.

Кога станува збор за перцепцијата за состојбата на европската економија, 48 отсто од Европејците сметаат дека таа е добра, додека 43 проценти оценуваат дека е лоша.

Дури 76 отсто од европските испитаници сметаат дека руската инвазија врз Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ.

Од таму, 87 проценти од анкетираните се согласуваат со обезбедување хуманитарна поддршка на луѓето погодени од војната во Украина, 71 отсто ги поддржуваат економски санкции кон руската влада, компании и поединци, а 68 проценти се согласуваат со обезбедување финансиска поддршка за Киев.

Околу 60 отсто од Европејците одобруваат ЕУ да и додели кандидатски статус на Украина, а 58 проценти се согласуваат Унијата да го финансира купувањето и снабдувањето со воена опрема за земјата.

Ова есенско истражување на Евробарометар е спроведено помеѓу 10 октомври и 5 ноември во 27-те земји членки на ЕУ, во девет од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата (сите освен Украина), како и во Велика Британија.

Само во ЕУ со анкетата биле опфатени 26,525 граѓани.

TAGGED:ЕУмакедонија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
Следна статија Отворена истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки – осомничениот е припадник на нарко групата „Барон“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с аналитическими инструментами

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с…

March 1, 2026

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги…

February 28, 2026

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон,…

February 28, 2026

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски…

February 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

Силното невреме проследено со пороен дожд, ветер и град што попладнево го зафати Скопје предизвика паднати дрвја, поплави и сообраќајни…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Д-р Лазаров: Македонците во Европа се за секое поздравување, во голем број се активни насекаде каде има пациенти од Кочани по болниците во странство

Д-р Ненад Лазаров со пофални зборови за македонската дијаспора, која се вклучи со помош за семејствата на повредените пациенти кои…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Мијалков без никаков проблем си гради хотел над Охридското Езеро

Сашо Мијалков си присвои државно земјиште на една од најатрактивните локации во Охрид, веднаш над езерото. Овој проект никогаш не…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје вчера ја изгласаа Одлуката за утврдување…

December 25, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?