strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Еврокомесарката Кос: Ќе направам се’ билатералните спорови од минатото да не бидат пречка за земјите од Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Еврокомесарката Кос: Ќе направам се’ билатералните спорови од минатото да не бидат пречка за земјите од Западен Балкан
БАЛКАН

Еврокомесарката Кос: Ќе направам се’ билатералните спорови од минатото да не бидат пречка за земјите од Западен Балкан

Објавено December 5, 2024 12:10
strana.mk
Сподели
Сподели

Ќе направам се да обезбедам билатералните спорови од минатото да не можат постојано да стојат на патот кон нашата заедничка цел – приближување на земјите од Западниот Балкан кон Европска Унија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан: Обновен пристап кон регионот“ во организација на бриселскиот тинк тенк „Пријатели на Европа“.

– Мојот сон е да ги имаме сите земји од Западниот Балкан во Европската Унија и да ги видиме отстранети границите и билатералните тензии, како што беше случај во многу делови од континентот, изјави Кос која пред два дена се сретна и со македонскиот премеир Христијан Мицкоски во Брисел, додавајќи дека со отстранувањето на физичките бариери на раздвојување, многу историски тензии ќе се тргаат на страна.

Според Кос, ЕУ за првпат има реален пристап со кој до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија „до линијата на целта“ би можеле да бидат донесени една или повеќе земји кандидати за членство.

– Надежта, можностите и визијата не движат сите нас сите овие години кон мирољубива и просперитетна иднина, рече Кос.

Според неа, денес мирот, слободата и просперитетот во голема мерка зависат од посилна и пообединета Европа.

Таа нагласи дека на средбите со лидерите од земјите од Западен Балкан претходните два дена им порачала дека може да сметаат на неа како на член на тимовите што ќе работат на нивното приближување кон ЕУ.

Кос нагласи дека не е само прашањето кога ЕУ ќе прими нови членки, туку и што можат да направат кандидатите за членство за посилна и побезбедна Европа, нагласувајќи дека процесот на проширување ќе остане базиран на заслуги и остварување, пред се во однос на владеењето на правото.

– Но, ако кандидатите за членство испорачаат, тогаш сакам да бидат наградени за тоа, додаде Кос, потенцирајќи дека новата Европска комисија е Комисија на проширување.

Според неа, во Брисел постои единство кога станува збор за изградбата на поголема и посилна Европа, но потребно е такво единство и посетеност да покажат и земјите кандидати за членство, за што е потребно соработка меѓу властите, опозицијата, граѓанскиот сектор и сите сегменти на општествата.

– Ќе биде потребна многу техничка работа што ќе треба да ја завршиме заедно, но сакам да ве уверам дека проширувањето не е технички процес, рече Кос, додавајќи дека сето она што се прави во процесот на проширување е во интерес на луѓето и за повторно обединување на Европа.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пак, во водното обраќање нагласи дека во Брисел сега преовладува нов момент во однос на проширувањето и посебно е важно што тој процес е меѓу седумте приоритети на новата Европска комисија.

Според него, има четири можни сценарија во врска со проширувањето во следните години. Првото би било најнепожелно и тоа би било ситуација во која ниту кандидати за членство нема да бидат подготвени за членство, ниту пак Европската унија ќе биде расположена да ги вклучи во своето семејство.

Второто сценарио, како што нагласи Милатовиќ, би било земјите да ги исполнат поставените услови, а ЕУ сепак поради некои свои причини да реши да не ги прими во членство. Најдобар пример за ваквото сценарио, според него, е случајот со Северна Македонија, која, како што рече, направила многу на својот пат кон ЕУ, а за возврат не го доби тоа што го заслужи.

Според Милатовиќ, третото сценарио би било земјите да не се подготвени за членство, а Унијата сепак да реши да ги прими, варијанта која ја оцени како најскапа.

Четвртото сценарио, како што истакна Милатовиќ, би било „вин-вин“ варијанта, односно тоа би било кога и кандидати за членство ќе ги спроведат реформите за изградба да демократски и функционални институции и кога и ЕУ ќе донесе одлука да ги прими во блокот.

Генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговорите за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, пак, оцени дека кога станува збор за процесот на проширување во ЕУ се враќа „духот на 2004 година“, кога во Унијата беа примени 10 нови членки, процес кој стана познат како „големо проширување“.

Според него, во такви услови и со новата Европска комисија, следната година во голема мерка ќе биде посветена на проширувањето

TAGGED:марта кос
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Тирана и Приштина новогодишно украсени, Скопје станува како касаба од ден на ден
Следна статија Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БАЛКАН

(Видео) Тепачка во српскиот парламент

Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се…

November 26, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Усташка песна е хит на хрватските ракометари

Хрватска постигна одличен успех на Светското ракометно првенство. Ќе игра во финалето против Франција. Навивачите се во делириум и во…

February 1, 2025
БАЛКАН

Драма во Мостар: Турист скокна од мостот, мештаните го дочекаа со тупаници (ВИДЕО)

Откако излегол од студената вода, го пречекала група револтирани мостарци физички го нападнале, огорчени од неговата непромислена постапка. Неодговорното однесување…

June 28, 2025
БАЛКАН

Земјотреси го тресат Санторини, училиштата се затвораат поради страв, издадени предупредувања

Училиштата на грчкиот остров Санторини денеска ќе бидат затворени поради зголемената сеизмичка активност во последните денови. Властите исто така препорачаа…

February 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?