Пратеникот во Европскиот парламент, Фреди Белери кој беше градоначалник на јужната албанска општина Химара беше гаѓан со јогурт и јајца додека излегуваше од албанскиот парламент во Тирана.
Белери според медиумите од Албанија бил гаѓан од активистот, Дилавер Нел, обвинувајќи го дека е одговорен за вооружениот напад врз албанската воена база во 1994 година, кога биле убиени двајца албански војници.
Белери беше дел од делегацијата на ЕП која е во посета на Албанија. МНР на Грција реагираше со осуда на нападот со јогурт и јајца врз Белери, кој претходно беше суден за корупција и иако повторно победи на локалните избори не успеа да положи заклетва по што ја изгуби функцијата.