strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини
СВЕТ

Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини

Објавено April 6, 2025 10:35
strana.mk
Сподели
Сподели

Следната недела Европската Комисија ќе воведе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и реципрочни тарифи од 20 проценти за голем број производи ќе следи по анализа и консултација со земјите-членки.

Од 12 март на сила е одлуката за 25 отсто царини за увоз на алуминиум и челик во САД од целиот свет, а од 3 април и 25 отсто за сите автомобили и автомобилски делови што не се произведуваат во САД.

На 2 април, американскиот претседател Доналд Трамп најави реципрочни царини, минимум 10 отсто за сите, а уште повисоки царини за околу 60 земји, кои ќе стапат во сила од среда, на 9 април. Тој воведе царини од 20 отсто за Европската унија и 34 отсто за Кина, но и 33 отсто за Македонија.

Останува нејасно дали најавените тарифи ќе останат трајни или се дел од тактиката за добивање отстапки. Трамп рече дека царините ќе му дадат „голема преговарачка моќ“.

До средината на минатата недела, Комисијата ги консултираше земјите-членки за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум, а одлуката се очекува да биде донесена во среда и да стапи на сила на 15 април.

Одлуката се носи на предлог на Комисијата во рамките на комитолошката постапка, што во пракса значи дека Комисијата може да донесе одлука доколку на неа не се спротивстави квалификувано мнозинство (55 отсто од земјите-членки кои претставуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ). Во случај да нема квалификувано мнозинство за или против предлогот, Комисијата може самостојно да донесе одлука.

Комисијата најави пропорционален одговор до 26 милијарди евра, што одговара на економскиот опсег на американските царини.

Во однос на контрамерките на американските царини за автомобили и автоделови и за реципрочните царини од 20 проценти, Комисијата посочува дека нема да избрзува, дека сака се детално да анализира.

Комисијата не сака да каже какви мерки би можела да преземе и нагласува дека „се е на маса“.

„Сите опции се на маса и не сакаме да шпекулираме што ќе правиме“, изјави за новинарите висок функционер на Комисијата кој сакаше да остане анонимен. Притоа ќе се води сметка евентуалните контрамерки да бидат што поболни за САД, а во исто време да и донесат што помала штета на Европа, односно да се воведат царини за американските производи за кои постои алтернатива.

„Нема да воведеме царини за производи што не ги произведуваме, додека Американците воведоа царини, на пример, за кафе или банани, кои тие воопшто не ги произведуваат“, изјави неименуван претставник на Комисијата. Тој додаде дека Европејците имаат алтернативи, на пример за мотоцикли „Харли Дејвидсон“, фармерки „Левис“ или соја.

Според првите проценки на Комисијата, реципрочните царини од 20 отсто се однесуваат на околу 290 милијарди евра европски извоз во САД, што на Американците би им донело приход од 58 милијарди евра.

На автомобили и автоделови што ЕУ ги извезува во вредност од околу 66 милијарди евра, приходот од царина од 25 отсто би изнесувал 16,5 милијарди евра, додека на извозот на алуминиум и челик во износ од 26 милијарди евра, царинскиот приход би изнесувал 6,5 милијарди евра.

Севкупно, дополнителните американски царини се однесуваат на стоки во вредност од околу 380 милијарди евра, што е околу 70 отсто од вкупниот извоз од ЕУ во САД. Со ова Соединетите Американски Држави би оствариле царински приход од 81 милијарда евра годишно, наместо досегашните 7 милијарди. Но, сумата од околу 80 милијарди можеше да се достигне само под услов обемот на трговската размена да остане ист, што не е логично да се очекува бидејќи обемот на трговијата се намалува со царинските бариери.

Комисијата има ексклузивна јурисдикција над надворешната трговија и земјите-членки не можат директно да преговараат со администрацијата на Трамп. Истовремено, мора да се внимава рамномерно да се распредели товарот на контрамерките, бидејќи не сите членки се подеднакво зависни од трговијата со американскиот пазар.

TAGGED:европска комисијатрампцарини
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ферстапен победи во Јапонија
Следна статија СНЕГ ПАЃА НА СТРАЖА – до вечерва се очекува снег на повеќе локации низ земјва, а можно е и низ градовите (ВИДЕО)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

СВЕТ

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев…

July 21, 2025
СВЕТ

Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија

Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204 тела од уривањето на патнички авион на Ер Индија што се случи кратко…

June 12, 2025
СВЕТ

Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници

По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во…

January 26, 2025
СВЕТ

Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа, се очекува неговото заминување од Одделот за владина ефикасност

Илон Маск ја напушти Белата куќа, барем физички, пишува „Дејли бист“. „Специјалниот владин службеник“ на претседателот Доналд Трамп повеќе не…

April 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?