Едно лице загина а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Битола – Ресен кај месноста викана Макази.
Од ударот на лице место починал 46 годишникот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.
Возачот и сопатникот во другото возило БМВ се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Сообраќајот од м.в.Макази до с.Ѓавато е пренасочен по стариот пат.