strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија
ЕКОНОМИЈА

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

Објавено November 12, 2024 16:33
strana.mk
Сподели
Сподели

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информира министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Притоа, таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјава.

Во телевизиско гостување, Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега, банките, генерално, се изјасниле против ваквата идеја. Сепак, посочи, од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, се согласиле со иницијативата на Владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Најави дека ќе бидат договорени деталите на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација, кој ќе се одржи в недела и на кој ќе присуствува и премиерот.

На прашањето зошто не успеале да се договорат со банките досега, таа одговори дека чекале да бидат префрлени парите.

– Чекавме да бидат префрлени парите, да легнат на сметките и да видиме како ќе ги префрлиме кон Развојната банка. Притоа, зборувавме дека каматната стапка е 3,25 проценти, и таа ќе остане. Целта на Владата е каматната стапка да биде таа по која сме го зеле кредитот. Тука имавме дискусија дали банките, на некој начин, ќе учествуваат во субвенционирањето на каматната стапка, иако сакам да кажам дека досега, од 2011 година, па наваму, повлечени се повеќе од 650 милиони евра по различни кредитни линии, за кои каматната стапка ја субвенционирала државата – рече Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали може да одат сите пари преку една банка ако не прифатат другите, министерката вели дека во тој случај не би имало ништо спорно, но претпочитаат поголема вклученост на банкарскиот сектор.

Во однос на еднократните провизии и на другите услови на банките, Димитиреска-Кочоска посочи дека Владата сака сè да влезе во рамките на каматната стапка од 3,25 проценти.

Министерката кажа дека не знае колку од најавените сто милиони евра за општините ќе се реализираат до крајот на годинава.

Инаку, досега се склучени договори со општините во износ од 65-66 милиони евра. Министерката вели дека нема проценка колку од овие пари ќе им бидат префрлени на општините до крајот на годинава. Таа образложи дека најпрвин треба да завршат со потпишувањето на договорите.

– Не можам да знам. Нека завршат со потпишувањето на договорите, па да видиме. Различно е ако зборуваме за инфраструктурата во насока на тоа да се направи пат, многу побрзо е. Ние велевме дека станува збор за проекти кои се комплетно готови и со кои, по склучување на договорот, веднаш може да се работи. Е, сега, ако зборувате за одреден пат, многу побрзо ќе оди реализацијата. Но, ако зборуваме за доградба на некое училиште, тогаш би било поинаку. Е, затоа не можам да кажам ништо однапред. Да ги видиме договорите – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потсети дека има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и на буџетот.

– Има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и на буџетот. И тука треба сите да се согласиме. Но, законот, така велат претходните министри за финансии, подразбира дека кога планираш одредена инвестиција или каков било договор, мора да ги имаш предвидено парите во буџетот. И сега јас се согласувам – смешно е, но тие велат, мора да ги имате планирано, и ние сме ги планирале. Дали ќе се реализираат или не, ќе видиме до крајот на годинава. И ова е една од темите за кои планирам да разговарам во периодот што следува – додаде министерката.

На прашањето за што ќе биде потрошен остатокот од средствата што нема да им биде префрлен на општините до крајот на годинава, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека сигурно ќе има прераспределба во рамките на буџетот.

Како што информира министерката, во буџетот за 2025 година, за оваа намена, предвидени се 250 милиони евра. Таа подвлече дека министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините, туку тоа мора да оди преку некое ресорно министерство.

– Министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините. Мора да оди преку некое ресорно министерство. Ако ги прашаме ресорните министри во овој момент, колку ќе учествуваат општините на следниот повик со одредени проекти кај вас, на пример, министерот за транспорт и министерот за образование – не знаат. Кога не знаат, зошто да планирам јас, односно како да ги спуштам парите од функции на државата и каде да ги носам? Тоа е одговор на претходното прашање дека вие гледате 75 милиони, а ние велиме сто милиони се предвидени. Ние обезбедуваме средства, меѓутоа не можеме да ги спуштиме по министерствата сè додека не добиеме прецизна пресметка кое министерство и колкава потреба има – рече Димитриеска-Кочоска.

TAGGED:Димитриевска Кочовска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување
Следна статија Наставник нападнал ученик во училиште во Скопје

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Од утре пензионерите со повисоки пензии

Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од…

June 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека…

January 7, 2026
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?