strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата

Објавено March 24, 2025 08:36
strana.mk
Сподели
Сподели

Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани преку Црвениот крст, во износ од по 150 000 денари. Заклучно со 22 март собрани се 51.822.579 денари преку Црвениот крст од каде денеска ќе ги соопштат преземаните активности и начинот на исплатата. 

Според последните информации од Министерството за здравство, од околу 200 повредени во трагедијата што се случи пред една недела, во критична состојба се пет од 115 лица кои се на лекување во странство. Во македонските болници  сите 55 пациенти се во стабилна и добра состојба и се планира девет да бидат испишани на почеток на неделава, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања. Се очекуваат информации од натамошниот тек на истрагата во која засега се осомничени 34 лица, како и од најавените инспекциски контроли во објектите од јавен карактер низ државата, за што општините ќе се координираат преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

Како што соопшти вчера министерот за здравство Арбен Таравари, подготвен е протокол според кој се очекува в среда или четврток да бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата. 

– Протоколите ќе бидат објавени на нашата веб страна, исто така ќе бидат испратени и до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како и до сите други држави. Ќе имаме специјални екипи кои што ќе работат со овој протокол кои што ќе се придржуваат до информациите за состојбата на пациентите кои што треба да ги добиеме. Ќе има специјална екипа која што ќе ги прифаќа и специјални возила кои што ќе ги пречекаат и сместуваат во болниците. Првата тријажа ќе се направи во болницата од каде што е пуштен пациентот, па ќе бидат хоспитализирани во болници каде што треба. Доколку нема потреба ќе се пуштаат на домашно лекување,  изјави вчера Таравари. Во оваа фаза постои ризик од развивање на инфекции и за тоа состојбата на пациентите може да флуктуира. – Одредени пациенти веќе добиваат антибиотици за да се превенираат тие инфекции, така што се надевам и тие што ќе пристигнат, веќе зборувавме за стерилизирање на автомобилите со кои што ќе дојдат, како и собите каде што ќе се третираат,се надеваме на што помалку компликации и подобро здравје на сите тие што ќе се вратат во државата, рече Таравари. 

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари по сост

Од 17-те лица повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани. Како што соопшти Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, пациентите се во добра состојба и постоперативно се без проблеми.

На шест од вкупно десет пациенти кои се  лекуваат на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници. Директорот на Клиниката, Небојша Настов информираше дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај другите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела се очекува да бидат пуштени на домашно лекување. Но, како што рече, ситуацијата е флуидна и може да се смени од час во час.

Мирните собири на граѓаните за оддавање почит на жртвите во трагедијата продолжија и вчера.  Во Кочани се одржа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани. Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат одговорност за трагедијата којашто уништи неколку генерации млади луѓе. И на Градскиот плоштад во Охрид се одржа 60-минутен молк во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Граѓани на Охрид одадоа почит на настраданите искажувајќи поддршка на нивните и на семејствата на сите повредени во најголемата несреќа во историјата на независната македонска држава. Собир со 60 минутен молк се одржа и во Скопје. 

Во меѓувреме продолжија контролите што ги најавија институциите во сите јавни објекти низ државата, за проверка на документацијата, исполнувањето на обврските од лиценците и дозволите, на техничките услови за работа и безбедносните стандарди, а дел од ресорите споделија и конкретни податоци. 

Утврдени се прекршувања на владината одлука за деновите на жалост, што завршија вчера, два објекта во општина Центар се затворени, а приведени се над 20 лица во  Скопје, Битола и Охрид…

Општините пак се координираат преку Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) за проверки на училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат граѓани.

– Особен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади, а инспекциските контроли ќе бидат континуиран процес и во наредните недели и месеци систематски ќе се проверуваат сите објекти во државата, со цел сите јавни и приватни објекти каде се собираат луѓе, било да се образовни, здравствени институции, спортски или културни објекти или угостителски локали, да бидат безбедни, најави претседателот на  ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Поради недоволниот број инспекциски служби, особено во помалите општини најави меѓуопштинска соработка. ЗЕЛС ја презема улогата на координатор на сите активности на локално ниво, за меѓусебна помош и споделување на ресурсите и знаењата, а инспекциските капацитети ќе се стават на располагање таму каде има потреба за да може секоја општина темелно да ги провери сите објекти на својата територија. 

Лицето М.Д., како што соопшти владината Прес-служба, не го применувал протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравств

Државниот инспекторат за транспорт вчера соопшти дека од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени  кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни.  Изречени се казни на Дурмо турс од Гостивар; Дени интернационал од Илинден; Свис мак алигега од Гостивар; Зем промет – компани од Сарај; Словин Билјана од Охрид; Бис од Охрид; Пештер ДОО од Чаир,  Димитриоски од Гази Баба; Хисари-ГД од Дебар; Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар. Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.

Претходно министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од вкупниот број над 3000 издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови заклучно со се одземени 427 лиценци од прегледани 2810. Тој најави дека уте ќе бидат објавени финалните бројки и со име ќе бидат објавени сите носители на лиценци на кои ќе им бидат одземени, а ќе бидат информирани и надлежното обвинителство и МВР  за да можат тие да проверат од свој аспект. 

Со истрагата за пожарот досега се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвинителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. По 30-девниот притвор за седумте полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани, како што информираа завчера од Основниот суд Кочани таква мерка е  определена за сите 24 лица за кои имаше барање од Основното Јавно обвинителство. Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев, поранешниот министер за економија Крешник Бекштеши.

TAGGED:дискотекакочанипулс
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Марија се прости од сестра си: Ја погребавме мама, а сега и тебе сестричке
Следна статија Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме четири руски хеликоптери“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски на меѓународен симпозиум по повод 63-годишнина од Уставниот суд на Република Турција

 Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и шефот на кабинетот Екрем Халимовски, вчера и денеска во Истанбул учествуваат на Меѓународен…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Секој еден, без исклучок на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата

Сакам да ја известам целокупната македонска јавност дека правиме се што е во наша надлежност, знаење и капацитет во врска…

March 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?