strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Екстремист или новото лице на толерантна Сирија: Ребрендираниот бивш член на Ал каеда раѓа сомнежи за демократската иднина на земјата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Екстремист или новото лице на толерантна Сирија: Ребрендираниот бивш член на Ал каеда раѓа сомнежи за демократската иднина на земјата
СВЕТ

Екстремист или новото лице на толерантна Сирија: Ребрендираниот бивш член на Ал каеда раѓа сомнежи за демократската иднина на земјата

Објавено December 9, 2024 12:04
strana.mk
Сподели
Сподели

Ахмад ал Шара, порано Абу Мохамед ал Џолани, еволуираше од лидер на разгранок на Ал каеда во ребрендирана фигура што промовира плурализам додека сириските бунтовници го соборуваа Асад. И покрај неговите обиди за умереност, остануваат сомнежите за неговите демократски намери, пишува Еуроњуз.

Џихадист и екстремист? Или ново лице на модерна и толерантна Сирија?

Абу Мохамед ал Џолани, милитантниот водач чиј бунт го собори претседателот Башар Асад, долго време спроведува политичка и воена агенда.

Тој многупати го менуваше својот политички став за да добие поддршка и понекогаш им пркосеше на наредбите за елиминирање на ривалите.

Сега, тој работи напорно за да ги преосмисли односите со Сирија и својот јавен имиџ, откако се откажа од врските со Ал каеда и се прикажа себеси како поборник за плурализмот и толеранцијата.

Неодамна, бунтовниците го отфрлија неговото воено име и почнаа да го нарекуваат со неговото вистинско име, Ахмад ал Шара. Сепак, степенот на неговата трансформација од џихадски екстремист во потенцијален државотворник сега е ставен на тест.

Со оглед на тоа што Асад се крие, а бунтовниците го контролираат главниот град Дамаск, останува неизвесно како ќе се управува со Сирија.

Во Сирија живеат повеќе етнички и верски заедници, често поделени од режимот на Асад и долгогодишниот конфликт. Многумина стравуваат од подемот на сунитските исламистички екстремисти. Земјата е исто така расцепкана меѓу различни вооружени фракции, со вклучени странски сили како Русија, Иран, САД и Израел, секоја со свои интереси.

42-годишниот Ал Џолани, означен како терорист од САД, се нема појавено во јавноста откако Дамаск падна рано во неделата. Сепак, тој и неговата бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), од која голем број борци се џихадисти, сега се стремат да стекнат голема улога.

Со години, Ал Џолани маневрираше во рамките на екстремистичките организации, елиминирајќи ги ривалите и поранешните сојузници. Тој ги уверуваше верските и етничките малцинства во Сирија, создавајќи врски со различни племиња и други групи.

Попат, Ал Џолани го отфрли својот идентитет како тврдокорен исламистички герилец, облекувајќи костуми за интервјуата за медиумите. Зборуваше за градење државни институции и децентрализација на моќта за подобро да се одрази различноста на Сирија.

„Сирија заслужува систем на управување што е институционален, а не систем во кој еден владетел донесува произволни одлуки“, рече тој во интервју за Си-ен-ен минатата недела, навестувајќи можност ХТС да биде распуштен по падот на Асад.

Како ги прекина врските со Ал каеда?

Врските на Ал Џолани со Ал каеда датираат уште од 2003 година, кога тој им се придружи на екстремистите што се бореа против американските војници во Ирак.

Сириецот бил приведен од американската војска, но останал во Ирак. За тоа време, Ал каеда ги присвои истомисленичките групи и ја формираше екстремистичката Исламска држава Ирак, предводена од Абу Бакр ал-Багдади.

Во 2011 година, кога народниот бунт против Асад предизвика брутална владина репресија и доведе до сеопшта војна, Ал Багдади го испрати Ал Џолани во Сирија за да формира разгранок на Ал каеда наречен „Нусра фронт“.

САД ја означија новата група како терористичка организација и таа ознака сè уште останува во сила. Вашингтон, исто така, распиша награда од 10 милиони долари за неговата глава.

Се бореше со ИСИС во регионот

Како што граѓанската војна во Сирија се разжестуваше во 2013 година, така се зголемуваа и амбициите на Ал Џолани. Тој им пркосеше на повиците на Ал Багдади за распуштање на Нусра фронт и негово спојување со операцијата на Ал каеда во Ирак за формирање на Исламска држава на Ирак и Сирија, или ИСИС.

Сепак, Ал Џолани ѝ вети верност на Ал каеда, која подоцна се огради од ИСИС. Нусра фронт се бореше со ИСИС и елиминира голем дел од конкуренцијата меѓу сириските вооружени пртивници на Асад.

Исламскиот закон без толеранција

Во своето прво интервју во 2014 година, Ал Џолани рече дека неговата цел е Сирија да биде владеена според исламскиот закон и јасно стави до знаење дека нема простор за алавитските, шиитските, друзите и христијанските малцинства во земјата.

Во 2016 година, Ал Џолани за прв пат ѝ го откри своето лице на јавноста во видеопорака во која објави дека неговата група се преименува во „Џабхат Фатех ал-Шам“ – Фронт за освојување на Сирија – и ги прекинува врските со Ал каеда.

„Оваа нова организација нема поврзаност со ниеден надворешен субјект“, рече тој во видеото, облечен во војничка облека и турбан.

ХТС подоцна се судри со независните исламистички милитанти, дополнително охрабрувајќи ги Ал Џолани и неговата група како водечка сила во северозападна Сирија, способна да владее со железна тупаница.

Од Ал Џолани до Ал Шара

Откако ја консолидира својата моќ, Ал Џолани започна трансформација што малкумина можеа да ја замислат. Заменувајќи ја својата војничка облека со кошула и панталони, тој почна да повикува на верска толеранција и плурализам.

Тој апелираше до заедницата на друзите во Идлиб, која Нусра фронт претходно ја напаѓаше, и ги посети семејствата на Курдите што беа убиени од милициите поддржани од Турција.

Во 2021 година, Ал Џолани го даде своето прво интервју со американски новинар на Пи-би-ес. Облечен во блејзер, со коса залижана наназад со гел, сега благоречивиот лидер на ХТС рече дека неговата група не претставува закана за Западот и дека санкциите наметнати против него се неправедни.

Па, кој ќе биде новиот лидер на Сиријците? Абу Мохамед ал Џолани, со неговата цврста посветеност на Исламска држава, или Ахмад ал-Шара, со мекиот пристап што ги ублажува различните фракции на општеството во кое е можна демократија со децентрализирано управување?, прашува Еуроњуз.

TAGGED:ал каедаал џоланисирија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот
Следна статија Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, но одбраа да приредуваат политички циркус

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Дали Башар е сместен во „Рубљовка“? Во луксузната населба Путин ги сместува сите што имаат азил и многу пари

Во Русија бизнисмените и политичарите живеат во најлуксузната населба во Москва наречечна „Рубљовка“. Овој компелкс се наоѓа 40 километри надвор…

December 10, 2024
СВЕТ

Илон Маск: УСАИД е криминална организација

Технолошкиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека тој и претседателот Доналд Трамп се во процес на затворање на Американската агенција…

February 3, 2025
СВЕТ

Казна од 60 евра за оние кои прерано ќе ги откопчаат безбедносните појаси: Турција воведува ново правило

Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе излезат од седиштето пред слетувањето, сега се…

May 23, 2025
СВЕТ

Блумберг: Средба Трамп – Путин може да има веќе идната недела

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин можат да одржат лидерска средба веќе идната недела, соопшти денеска…

February 18, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?