strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Екс вработен го тужи Диди: Ја миел крвта и урината од чаршафите, имал секс пред него за да ја докаже својата лојалност
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Екс вработен го тужи Диди: Ја миел крвта и урината од чаршафите, имал секс пред него за да ја докаже својата лојалност
СВЕТ

Екс вработен го тужи Диди: Ја миел крвта и урината од чаршафите, имал секс пред него за да ја докаже својата лојалност

Објавено December 24, 2024 22:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Тужбите против раперот Шон Комбс познат како Диди постојано се трупаат. Сега, поранешниот вработен Филип Пајнес во неговата тужба реши да открие грозоморни детали за случувањата на озлогласените забави на раперот.

Имено, Пајнес кој тврди дека работел за Диди од 2019 до 2021 година, поднел тужба против музичкиот магнат, наведувајќи дека бил принуден да организира „диви кралски ноќи“ на кои имало многу дрога и дека морал да има секс пред Комбс за да ја „докаже својата лојалност“.

Во новата тужба од 32 страници, до која дојде „Ролинг стоун“, Пајнс тврди дека Комбс го упатил да обезбеди различни видови на дрога и секс играчки за време на повеќедневните „сексуални забави“ и потоа да ги исчисти неуредните простории. Пајнс, исто така, тврди дека бил одговорен за црна торба „Гучи“, позната како „МВП торба“, во која наводно се чувале нелегални залихи за забава додека патувал со Комбс.

„Шон Комбс постојано му даваше инструкции на тужителот да се погрижи неговата спална соба и различни хотелски соби да бидат опремени со црвени светла, кофи за мраз, алкохол, марихуана, пакетчиња мед за либидото, бебешко масло, лубрикант ‘Астроглид’, крпи, нелегални дроги и секс играчки. Овие ноќи беа наречени ‘диви кралски ноќи’“, се вели во тужбата поднесена во Лос Анџелес.

Пајнс, исто така, тврди дека лековите што ги обезбедувал вклучувале апчиња за ‘ден потоа’ и апчиња за еректилна дисфункција.

„Тужителот морал да ги отстрани сите докази за дрога, презервативи, секс играчки, како и дамки како крв, урина и телесни течности од постелнината, мебелот и ги чистел сите предмети што се користат за време на „дивите кралски ноќи“, се додава во тужбата.

Адвокатите на Комбс ги отфрлија наводите во соопштение испратено до „Ролинг стоун“.

„Без разлика колку тужби ќе се покренат, тоа нема да го промени фактот дека г-дин Комбс никогаш сексуално не злоставувал или тргувал со некого – без разлика дали е маж или жена, возрасен или малолетник“, се вели во соопштението на неговите адвокати.

„Живееме во свет во кој секој може да поднесе тужба од која било причина. За среќа, постои фер и непристрасен правосуден систем за да се утврди вистината и г-дин Комбс е уверен дека ќе победи на судот“, додаваат тие.

Пајнс, кој тврди дека работел како главен асистент на Комбс од декември 2019 до декември 2021 година, вели дека не му било дозволено да ги остави бараните залихи за забава во хотелските ходници. Наместо тоа, тој морал да чека да го пуштат внатре, поради што бил „изложен против неговата волја на настаните во собата“, се наведува дополнително во тужбата.

Пајнс, исто така, тврди дека редовно оставал многу големи бакшиш за персоналот за чистење за да ги спречи да пријават што било и дека неговите должности за чистење вклучувале интимни видеа.

„Исто така, на тужителот му било наредено да ги ‘брише’ личните уреди на Шон Комбс, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на лични телефони, лаптопи или таблети, од какви било компромитирачки видеа“, се наведува во тужбата.

Пајнс, исто така, тврди дека бил сексуално нападнат во една прилика кога Комбс, наводно, почнал да му ги масира рамениците, а потоа побарал да пие текила пред да го „турне“ кон една гостинка.

„Комбс сексуално ги триел рамениците на тужителот, велејќи му да ја покаже својата лојалност кон кралот и да го вметне својот пенис во гостинката. Тужителот ги соблекол панталоните и се изложил пред г-дин Комбс и гостинката која ставила презерватив на неговиот пенис“, се наведува во тужбата.

Според тужбата, Пајнс „не знаел што да прави и му било многу непријатно, но ги следел упатствата на г-дин Комбс од страв да не биде отпуштен и да биде ставен на црната листа“. Во тужбата понатаму се наведува дека откако се впуштил во сексуалниот чин „неколку моменти“, Пајнс застанал и „вознемирен ја напуштил собата“.

Пајнс исто така тврди дека за време на неговото вработување видел како Комбс клоца гостин во задникот и стомакот. Исто така, се наведува дека Комбс заразил неидентификувана славна личност со ковид за време на неговото патување по 51-ви роденден на островите Туркс и Кајкос.

Во новата тужба покрај Комбс се именувани и неговите компании „Комб ентерпрајзес“, „Бед бој ентртејмент“ и Кристина Хорам, долгогодишната високорангирана соработничка на Диди.

TAGGED:екс вработенпи дидиТужба
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето
Следна статија Американска геј двојка ги силувале посвоените синови, добија доживотен затвор

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Келог: Мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека мировниот план за Украина…

February 15, 2025
СВЕТ

Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „ќе ја „поврзе Русија повторно со економиите…

February 14, 2025
СВЕТ

ВИДЕО| Италијански Ф-35 и руски Сухој имаа блиска средба над Балтичкото Море

Руски ловец пресретна италијански ловец за време на редовна мисија за чување на воздушниот простор на балтичките членки на НАТО…

January 13, 2025
СВЕТ

Европската Унија нема да попушти пред уцената со царините на Трамп

Потпретседателката на Европската комисија, Тереза ​​Рибера, изјави дека Европската унија нема да попушти на уцените од американскиот претседател Доналд Трамп,…

May 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?