Човекот кој работи како двојник на Џеф Безос го откри својот „срам“ кога обожавателите укажаа на клучната разлика, неговиот недостаток на мускули.
Кагдас Халикилар неодоливо наликува на мегабогатиот основач на Амазон, кој често погрешно го заменуваат во јавноста. Напуштајќи ја својата работа како електричар, тој сега заработува како негов двојник, објави Њујорк Пост.
Но, фановите неодамна забележале битна разлика меѓу нив – мускулите, но и недостаток. 46-годишниот, во обид вистински да го имитира својот „идол“, сега тренира четири пати неделно со шесткратниот шампион во бодибилдинг за да избегне секаков „срам“.
„Моите пријатели и обожаватели ми кажаа дека Џеф Безос е помускулест и поатлетски од мене“, изјавил Кагдас за What’s The Jam.
„Бев многу засрамен и знаев дека морам да преземам акција. Решив да го доведам шампионот бодибилдер за свој личен тренер, за навистина да ги видам резултатите“, изјави тој.
„Заморно е, но вреди“
Кагдас, од Лејмен, Германија, работел како електричар и заработувал околу 21.000 фунти годишно.
Откако станал преморен од работа дење и ноќе, тој сонувал да стане успешен бизнисмен милијардер, исто како Безос, кој според Форбс наводно вреди неверојатни 223,3 милијарди долари.
Кагдас додаде: „Сакам да патувам исто како и тој, да јадам луксузна храна. Но, тоа додаде неколку килограми на мојата тежина. Исто така, често ме повикуваат стартап компании и ме прашуваат за мое мислење – како да го живеам неговиот живот и да личам на него. Сепак, знам дека никогаш не би можел да го заменам оригиналот. За мене тој е пред сѐ најуспешната личност на светот. И ќе ги посветам сите мои напори само да бидам како него“.