Само три минути му беа доволни на Елиф Елмас за да постигне гол во својот прв натпревар за Торино на гостувањето кај Болоња во 25. коло од италијанската Серија А.
Македонскиот фудбалски дијамант влезе во игра во 62. минута на местото на Јан Карамох и веќе во 65. минута погоди за водство од 2:1 во тој момент, но неговиот нов клуб за кој настапува како зајмен играч од Лајпциг до крајот на сезонава на крајот загуби со 3:2 со автогол во судиското продолжение.
Ова беше прв настап на 25-годишниот офанзивен играч за врска по 2 ноември и гостувањето кај Борусија Дортмунд во германската Бундеслига.