Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас следните шест месеци ќе ги мине на позајмица од Лајпциг во редовите на шпанска Валенсија, приклучувајќи му се на репрезентативниот колег Столе Димитриевски.
Како што синоќа објави „Скај Германија“ веќе и дефинитивно Елмас, барем до крајот на сезоната заминува од Лајпциг, и по точно една година во Германија сега оди како позајмен фудбалер во редовите на Валенсија.
Шпанскиот фудбалски великан минува низ тежок период и води грчевита борба за опстанок во овој момент, но управата на „лилјаците“ верува дека со играч како Елмас ќе биде многу поблиску до остварување на целта, а тоа е задржување на прволигашкиот статус.
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) January 23, 2025