Елиф Елмас игра како прероден по кошмарот во Лајпциг, а тоа на своја кожа го почувствуваа и фудбалерите на Парма во ремито 2:2 со Торино во 28. коло од италијанската Серија А, во кое македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во 19. минута.
Тоа беше трет гол во четвртиот настап за торинците на 25-годишниот играч за врска, кој претходно погоди и во дуелите со Монца и со Болоња, што е одлична вест за селекторот Благоја Милевски пред стартот на мундијалските квалификации против Лихтенштајн и Велс при крајот на месецов.