strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СПОРТ > ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
СПОРТ

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

Објавено July 22, 2025 08:40
strana.mk
Сподели
Сподели

По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки надежи од цела Европа ги имаа своите први настапи на спортските борилишта ширум главниот град и во Куманово, испраќајќи силна порака за единство, спортски дух и иднина полна со потенцијал.

Во фокусот на првиот натпреварувачки ден беа финалните дисциплини во атлетика, каде што се случи историски момент: беше соборен светски рекорд во скок со стап за девојки до 17 години. Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар. Сребрениот медал ѝ припадна на Моана Пејрард од Франција, која скокна 4,05 метри, а бронзата ја освои Анастасија Бумпулиди од Грција со скок од 3,95 метри.

Медалите на првата официјална церемонија на ЕМОФ Скопје 2025 ги врачи Спирос Капралос, Претседател на Европските олимписки комитети, додека Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет, на секоја од медалистките ѝ подари маскота – симбол на фестивалот и вредностите што го обединуваат.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Првиот ден го одбележа и Турчинката Елиф Берфин, која со 421,2 остварени круга постави европскиот рекорд во стрелаштво, гаѓање со воздушен пиштол на 10 метри. Анастасија Живковиќ од Србија го освои второто место, додека третото место го обезбеди Миа Грош од Австрија.

Одличен старт за македонските пливачи: Државен рекорд и лични најдобри времиња

Првиот натпреварувачки ден донесе и одлични индивидуални настапи за македонските пливачи, со нови државни и лични рекорди во повеќе дисциплини. Дамјан Станковски постави државен рекорд до 14 години на 200 м градно со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот резултат 2.37.90.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола Велковски на 400 м градно (4:21:50 мин) и Михаил Алексовски на 200 м градно (2:38,01 мин), како и Милан Јанковски на 100 м грбно на возраст до 14 години. Единствена нашата натпреварувачка која избори пласман во полуфиналето е Неда Миленковска на 200 метри пеперутка.

Волонтерите – срцето на ЕМОФ Скопје 2025

Над 700 волонтери се вклучени во реализацијата на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, внесувајќи младешка енергија, ентузијазам и позитивен дух на секој чекор. Тие се тука да пречекаат, насочат, помогнат и охрабрат – и за учесниците, и за публиката, и за сите гости на фестивалот.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Волонтерите доаѓаат од различни делови на земјата и Европа, обединети од заедничката желба да бидат дел од едно големо спортско доживување. Нивната улога не е само логистичка – тие се амбасадори на пријателството, на соработката, на вредностите на олимпискиот дух и, пред сè, на иднината што ја гради оваа млада генерација. Токму нивната посветеност и искрена насмевка го прават фестивалот топло, безбедно и инспиративно место за сите млади спортисти што го сонуваат својот олимписки пат.

Што не очекува во вторник на ЕМОФ Скопје 2025?

Вторник (22 јули) донесува уште еден динамичен натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025. Младите спортисти продолжуваат со настапи во вкупно 12 спортови на повеќе локации во Скопје и Куманово. Ќе продолжат атлетските возбудувања во неколку дисциплини, а љубителите на пливањето ќе можат да следат нова серија утрински квалификации, како и полуфинални трки во повеќе дисциплини, меѓу кои и 100 м слободно, 200 м пеперутка и штафети. Од екипите спортови за издвојување се кошарка, одбојка, ракомет и баскет 3х3, каде се играат клучни мечеви во групната фаза, а на програмата се и натпревари во џудо, пинг-понг, гимнастика, бадмингтон, велосипедизам и стрелаштво.

Детален распоред по спорт и временска рамка можете да најдете на следниот линк:

TAGGED:ЕмофСветски рекордскок со стап
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени
Следна статија Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор…

July 30, 2025
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025

Mицкоски: Стратешка грешка беше прифаќањето на т.н. Француски предлог

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница…

July 31, 2025

Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Секторот за компјутерски криминал при Бирото…

July 31, 2025

Прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ – соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески,…

July 31, 2025

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Шеесет и шест годишниот Т.Б од…

July 31, 2025

РАЗНО

СПОРТ

Лазаров прв македонски тренер со европска титула

Успехот на РК со освојувањето на Европскиот куп е уште поголем ако се знае дека ова е целосно македонски производ,…

June 5, 2025
СПОРТ

Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа

По натпреварот со Литванија и пласманот на ЕП селекторот Кирил Лазаров даде коментар на одиграното и им честита на сите…

May 12, 2025
СПОРТ

Арсенал ослабен ,Хаверц се повреди

Арсенал излезе со соопштение по повредата на напаѓачот Каи Хаверц. „Топчиите“ потврдија дека германскиот напаѓач ќе го пропушти остатокот од…

February 13, 2025
СПОРТ

Кошаркар на Барселона удри судијка по задникот (ВИДЕО)

Кошаркарот на Барселона, Дарио Бризуела направи скандал откако удри судијка по задникот на мечот со Тенерифе. Бризуела не делуваше дека…

October 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?