Најголемата светска компанија за вреднување на бизниси, Brand Finance, објави листа на највредни брендови во светот, а американскиот технолошки гигант Apple и понатаму е на првото место.
Со проценка од 574,5 милијарди долари, Apple го задржа своето водство пред другите компании, кое го имаше претходната година, кога беше проценета на 516,5 милијарди долари. Интересно е што првите пет компании доаѓаат од САД, а американските фирми доминираат на целосната листа.
Вредноста на сите американски компании сочинува повеќе од 50 отсто од вкупната вредност на компаниите на оваа престижна листа.
Покрај Apple, во првите пет се и Microsoft (461 милијарди), Google (412,9 милијарди), Amazon (356,3 милијарди) и Walmart (137,1 милијарди), кој го презеде петтото место од корејскиот Samsung (110,5 милијарди).
Топ 10 ја заокружуваат кинеската TikTok (105,7 милијарди), американскиот Facebook (91,4 милијарди), американската Nvidia (87,8 милијарди) и кинеската државна компанија за електрична енергија (85,6 милијарди).
Интересно, Nvidia скокна на деветтото место од 30-то место во 2024 година, а нивното вреднување речиси двојно се зголеми, од 44 милијарди долари на 87,8 милијарди долари.