Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Страна.мк.
Според нашите сознаија првиот човек на Турција ќе ја посети Македонија кон крајот на месецот и ќе оствари средба со државниот врв и претставници на турската заедница во Македонија
Ова ќе биде прва негова посета од 2011 година, кога беше во дводневна официјална посета на Македонија.
Турција и Македонија негуваат традиционално добри односи, а двете земји ги поврзуваат историски и културни врски. Позитивен тренд има во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски план, а трговската размена меѓу двете држави е во постојан раст.