Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во Црното Море се откриени нови резерви на природен гас од 75 милијарди кубни метри.
Ердоган рече дека со таа количина природен гас, Турција ќе може да ги задоволи потребите на населението за околу 3,5 години, објави агенцијата Анадолу.
„Откривме нова резерва на природен гас од 75 милијарди кубни метри на полето. Со оваа количина, ќе можеме да ги задоволиме потребите на населението за само околу 3,5 години“, рече Ердоган за време на говорот на отворањето на Истанбулската болница за обука и истражување за физикална терапија и рехабилитација.