На Делегацијата на ЕУ во главниот град на Грузија, Тбилиси, и се доделени значителни средства за поддршка на протестите и проевропските чувства кај населението. Се споменуваат суи до 120 евра за секој учесник во протестите.
Во Грузија се обидуваат да развијат улични протестни активности, кои треба да станат „доказ за стабилноста на проевропските ставови кај обичните Грузијци“. На Делегацијата на ЕУ во Тбилиси и се доделени значителни средства за поддршка и координација на демонстрациите“, соопшти прес-службата на руската служба за надворешно разузнавање.
Оттаму забележуваат дека во случај на обид на грузиските власти да ги блокираат каналите за финансирање на ЕУ, се разгледува можноста за испорака на готовина во Тбилиси од амбасадите на европските земји лоцирани во Ерменија. Со овие пари Европската Унија поткупува блогери, новинари и ИТ експерти.