На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.