strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа
ХРОНИКА

Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа

Објавено January 31, 2025 12:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која беше прегазена во Скопје во средата пред полноќ.

Со огромна болка и револт предлагаме да се собереме на мирен собир во чест на нашата Фросина, која беше свирепо прегазена на улица. Живееме во општество каде што возењето под дејство на алкохол е целосно нормализирано – време е да кажеме „Доста е!“, Да се собереме денес во 15 часот на плоштадот во Неготино, да ѝ оддадеме почит и да испратиме јасна порака. Безбедноста на улиците мора да биде приоритет. Одговорноста мора да биде неизбежна. Жртвите не смеат да останат само бројки. Да не се повтори!!!, велат организаторите на протестот.

Протест има закажано и денеска во Скопје, во 13 часот, како и во недела во Кавадарци.

Младата 22 – годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, усмртена на „Партизанска” во Скопје, ќе биде погребана денеска во Неготино, за ова информираше нејзиниот татко Тодор Кулаков на Фејсбук.

Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат. Утеха ни на небо ни на земја, напиша тој.

За сите пријатели, роднини, колеги, Кулаков соопшти дека погребот ќе биде попладне, откако претходно ќе може да и се оддаде почит во капелата Бутел во Скопје од 10 до 11 часот, а во капелата во Неготино од 13 до 14 часот.

Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросинче, напиша нејзиниот татко.

Против 20-годишниот возач што ја усмрти младата Фросина на „Партизанска“ претходно имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди. Осомничениот бил во притвор, а потоа Основниот кривичен суд Скопје одлучил да му изрече воспитна мерка упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка.

Како што соопштија од Обвинителството, на 30 март 2024 година, Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против осомничениот за кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. Веднаш истиот ден, јавниот обвинител донел наредба за поведување истражна постапка и предложил мерка притвор.

Осомничениот бил достапен на органите на прогонот од 2 април 2024 година и веднаш започнал да ја издржува мерката притвор. Од Обвинителство велат дека истрагата завршила за помалку од два месеци, а на 21 мај 2024 година јавниот обвинител поднел обвинителен акт и побарал продолжување на мерката притвор, што било прифатено.

Притворот беше продолжен до 31 јули 2024 година, кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која го огласи осомничениот за виновен и му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка, велат од Обвинителство.

Дополнуваат дека на 30 септември 2024 година, јавниот обвинител вложил жалба незадоволен од пресудата, барајќи построга казна. Жалбата била во однос на воспитната мерка, бидејќи за притворот не е дозволена жалба.

Според информациите на ОЈО, против осомничениот е поднесена уште една кривична пријава на 1 февруари 2023 година за сообраќајна незгода од 4 ноември 2022 година, во која едно лице се здобило со полесни повреди.

-Јавниот обвинител донесе решение да не се презема кривично гонење, а осомничениот се согласи да уплати 18.000 денари во Буџетот на РСМ. Освен ова, МВР поведе и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави против лицето не се поднесени, дополнуваат од обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Осомничениот, на 29 јануари, управувал возило „Пежо 207“ без возачка дозвола и под дејство на алкохол, при што удрил во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која починала на лице место. Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот.

Од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ побараа максимална казна за сторителот и итно дејствување од институциите.

TAGGED:ПростувањеТаткофросина кулакова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме
Следна статија Според листата на Трамп: 341 лице треба да бидат депортирани во Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Прилепчанец се обидел да ги голтне пакетчињата со дрога пред да го уапсат

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Кираца Трајковска: Не верувам дека Палчо ја убил Вања, особено не ако причина биле пари

Со семејството Ѓорчевски сме старо кумство и сме во добри односи, згора на тоа Александар работеше во „Фершпед“, каде јас…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Сведочи адвокатот на Палчо: Ми рече „Знаев дека ќе наместат“

Васко Стојков, адвокатот што го возеше Љупчо Палевски – Палчо, сведочејќи на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и…

November 13, 2024
ХРОНИКА

ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец

Основното јавно обвинителство Куманово ги чека извештаите од извршените контроли од официјалните институции за случајот со починатиот млад кумановец Велат…

March 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?