Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето дете.
Ова е нејзиното прво дете со нејзиниот партнер Хоаким Валенте, а според пишувањата на Пејџ Сикс, и мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето се уште не се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали ќе имаат момче или девојче.
Бундхен има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сега коментатор на FOX, Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.
Жизел и тренерот по џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година. “Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи сѐ во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека поминуваше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод”, изјави извор за странските медиуми.

Тие првпат станаа насловни страници во февруари 2022 година, кога манекенката сподели видео од тренингот со Валенте на Флорида. Подоцна истата година, тие поттикнаа гласини за врска за време на посетата на провинцијата Пунтаренас во Костарика, само две недели откако беше финализиран разводот на Жизел од НФЛ ѕвездата Том Брејди.
Во текот на следните неколку месеци, парот беше виден како излегува заедно. Меѓутоа, Жизел потоа негираше дека има романтична врска со Хоаким. „Мислам дека сите ќе ме поврзат со некого во овој момент, бидејќи сум разведена“, изјави тогаш манекенката за Vanity Fair.