Мерните станици низ Македонија синоќа забележаа дека најзагаден бил воздухот во делови од Скопје, односно во населбата Лисиче. Концентрацијата на ПМ10 честички достигнала197 микрограми на кубен метар, додека ПМ2,5 честичките биле измерени на 118 микрограми – речиси петпати повеќе од препорачаната граница.
Покрај Скопје, меѓу најзагадените градови беа и Гостивар, Кичево, Струмица, Тетово, Велес и Кавадарци. Со падот на температурите, појавата на магла во котлините и зголеменото користење на грејни уреди, Македонија е соочена со уште една зимска сезона во која ќе се „гуши“ во загаден воздух.