Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов добил закани по живот. Освен за него заканите биле упатени и кон неговото семејство. Ваквата информација самиот тој вчера ја објави на социјалните мрежи.
„Вечерва во МВР поднесувам ПРИЈАВА поради закани насочени по здравјето на мојот живот и моите најблиски, а секако како резултат на мојот личен влог во борбата со криминалот. Сакам јавно да им порачам на сите, но пред се на оние од другата страна на законот дека ниту во периодот кој одмина, ниту во периодот кој доаѓа имам намера да отстапам од ова кое што го започнав.Јас не се исплашив во периодот кога мафијата ја водеше државата, уште помалку ќе застанам сега. Ветивме промени, ќе ги донесеме без разлика која и каква ќе биде цената на тие промени“, напиша Михаилов.