strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови
ХРОНИКА

Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови

Објавено April 8, 2025 11:11
strana.mk
Сподели
Сподели

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Блаце запленија 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари. Тутунот за наргиле е откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички. Патникот кој инсистирал побрзо да помине поради сомнително однесување е селектиран за детална контрола при што се пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во висина од 661.812 денари. Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка, при што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело избегнување на плаќање акциза, казниво по Кривичниот законик.

Ловечка муниција со вкупно 160 парчиња е откриена од страна на мобилен царински тим и службата за мобилен скенер на влез во државата на граничен преми Табановце.  Патникот кој патувал со автомобил на прашање на инспекторите дали има нешто да пријави првично изјавил дека нема ништо за пријавување, но по отпочнување на контролата истиот рекол дека има само еден пар чизми. Инспекторите при вршење на контролата во куферот во багажниот простор освен чизмите, пронајдоа непријавени 160 парчиња ловечка муниција. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Мобилни царински тимови во соработка со МВР запленија два автомобили со бугарски регистарски таблички, откако истите го надминале законски дозволениот временски рок во кој возило со странски регистарски ознаки може да се задржи на територијата на државата.

Мобилен тим на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус заплени 133 шишенца со раствор за инјекции Gadovist 1.0 mmol/ml од 15 ml, со вкупна вредност од 529.872 денари, за кои е потребна дозвола за увоз издадена од Бирото за лекови. Непријавените лекови кои се користат за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца се пронајдени во кеса сместена на патничко седиште и истите биле сопственост на косовски државјанин кој патувал со автобусот. Од Секторот за контрола и истраги е поднесена кривична пријава против сторителот за сторено кривично дело криумчарење, казниво по член 278 од Кривичниот законик.  

фото: Царина

94 пакувања лекови и препарати за животни (течности за инекции penstrep, maxtil, limoxin, penbex и combikel, спрејови super spray, таблети exiptol и гелови aloegel), за кои е потребно одобрение за увоз издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство,  пронајдени позади седиштето на автомобил со албански регистарски таблички со кој албански државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блато.

Поголема количина лекови за животни е запленета и на граничен премин Богородица, откако истата е откриена во контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. Патниците кои се враќале од Солун биле прашани дали имаат нешто да пријават, но истите не пријавиле ништо по што поради сомневање е извршена контрола. При контролата на автомобилот пред совозачкото седиште во црна кеса и на задните седишта во стиропорна кутија покриено со јакна се пронајдени 23 парчиња Intergonan 5000 IU, 12 ќеси од по 20 парчиња Cidr ovis, 150 апчиња Ibendazile provet 600. Непријавената стока подлежи на мерки на трговска политика и за истите е потребна дозвола од Агенција за храна и ветеринарство.

Вкупно 91 штеки цигари се запленети во пет случаи откриени од страна на царински службеници на граничен премин Богородица и Меџитлија. Царинските службеници на Богородица на влез во државата при контроли на товарни моторни возила и автомобил, управувани од македонски државјани, во фабричките празнини и под патосниците открија 86 штеки цигари кои не биле пријавени. Дополнително на граничен премин Меџитлија при контрола на автомобил управуван од грчки државјанин се запленети 5 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење без акцизни маркички.

Мобилен тим и служба за мобилен скенер на влез во државата на граничен премин Табановце при детална контрола на патничко комбе открија 23 котури со вкупно 2.300 метри електричен кабел, како и седум парчиња електро мотори. Против сторителот ќе биде поднесена прекршочна постапка.

Во друг случај мобилниот тим и службата за мобилен скенер при контрола на автомобил  открија и 104 непријавени парчиња облека.

На граничен премин Богородица се запленети 3.600 пара женски обувки со ознаки за познати трговски марки., поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој изврши контрола на стока со потекло од Кина.

TAGGED:запленалековицарина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
Следна статија Барале и примиле поткуп од 20.000 евра – уапсени директор на здравствена установа и негов посредник

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Голем пожар во Вардариште, поради ризик исклучена струјата во делови на Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба

Голем пожар во близина на Вардариште предизвика прекин на струјата во делови од Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба  Граѓаните…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Прилепчани уплатиле пари на скопјанец за работа во Германија: Останале без пари и без работна виза

Вчера во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека…

November 19, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

Првиот човек на БЈБ потврди: Приведен е директор на здравствена установа поради примање поткуп од 20 илјади евра

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп…

April 8, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

Врховниот суд ја укинал пресудата за дрога за Васил Јованов уште пред тој да признае вина за прегазувањето на Фросина

Врховниот суд на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци…

May 14, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?