strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика
ЕКОНОМИЈА

За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика

Објавено June 3, 2025 19:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги отфрли како неиздржани критиките на опозицијата во однос на новиот гувернер Трајко Славески, напоменувајќи дека се работи за професор признат во светот, за човек кој не може да биде поврзан со ниту една афера, криминал или корупција и за експерт кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика и партиски речник.

Сиљановска Давкова рече дека пред да ја донесе одлуката за прв човек на Централната банка, водела долги разговори и со досегашната гувернерка и со другите кандидати. Укажа и дека нејзината единствена забелешка е во однос на законската одредба која предвидува седумгодишен мандат што, рече, е предолг период, особено кога се работи за два гувернерски мандата или вкупно 14 години. 

-Квалификацијата воопшто не ја прифаќам, не се во право во однос на професорот Трајко Славески од многу причини. Прво, самиот Закон за Народна банка не предвидува услов пет години претходно (а во некои држави и десет години) да не сте биле на партиска функција, туку вели „во текот на мандатот да немате партиска функција“. Второ, проблемот со партизацијата се појавува кога на вистински места доаѓаат погрешни луѓе врз основа на „споил“ системот. Неквалификувани, нестручни и некомптененти доаѓаат на високи функции. Тоа за професорот Славески не е во ред да се рече. Се работи за професор и тоа не професор од некои од интерсните факултети или универзитети, туку за професор со признание ширтум светот, со знаење, професор за кој не можете да врзете афера, криминали и корупција, професор кој не се препознава по партиски речник, а сме виделе и такви. Ме зачудува кога професори така се однесуват кон него, истакна претседателката, одговорајќи на новинарски прашања.

Изјава за медиуми на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по отворањето на статистичката конференција „25 години родови податоци“, во организација на Државниот завод за статистика. 

Кога требала да се определи меѓу двајцата кандидати, извонредно едуцирани и признати луѓе, се водела, како што напомена, од Платон – дека на една возраст кога сте постигнале се во професијата, можете да постигнете и во една ваква институција.

-Се работи за личност во чии зборови, ако ги анализирате, ретко ќе препознаете партиска реторика. И тоа ми беше исто така важно. Нам ни треба континуитет во знаење во оваа професија, ни треба докажана стручност и компетентност. Мојата единствена забелешка не е на него, туку на законската одредба  – седумгодишен мандат е многу долг мандат. Венецијанската комисија вели – кај долгите мандати добро е да има само еден мандат, 14 години е многу долг мандат. Не велам дека кога се работи за стручно и компетентно тоа може да биде опасно, но сакам уште еднаш пред сите да кажам, долго разговарав со сите кандидати, побарав да разговараат и со други, побарав мислење од луѓе, да, некои критикуваат со право зашто има слобода во изразувањето, некои од нив се обидувам да ги разберам, но не ги разбирам хористите, една категорија партиски луѓе кои се на позицијата само зашто се во партија и друга категорија кои за себе мислат дека се ренесансни, се знаат, никој не чини, сите ги критикуваат. Тоа не го разбирам. Можеби да бев се уште на факултет, поинаку ќе зборував, но кога ќе влезе човек во политика, мора да биде одговорен, да мери, да носи одлуки што ќе бидат прифатливи, објасни Сиљановска Давкова.

Таа потсети и дека во однос на функциите преферира жени.

-Имав долг рзговор со гувернерката, ја почитувам, но ги почитувам и другите двајца кандидати. Ќе речете па каде е вашиот кандидат, имав и свој кандидат и кандидатка, но мора некогаш да бидете реални, бидејќи кога е во прашање нивниот кредибилитет и интегритет, не е туку така да ги предложите и да не поминат на гласањето, рече шефицата на државата.

Во оваа прилика таа повторно кажа дека земјава имала и претходно гувернер лидер на партија, Петар Гошев, кој и извонредно ја извршувал функцијата.

-Mногу посакувам, по извештаите да седнеме и навистина, не да носиме декларации и меморандуми, туку за клучните прашања со консензус да решаваме, да не одиме надвор пред да се договориме дома, јас се обидувам тој метод да го применувам и во однос на позицијата и во однос на власта, потенцира претседателката Сиљановска Давкова

TAGGED:гордана силјановска давковатрајко славески
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Пивара Скопје доби нов генерален директор
Следна статија Албанската наркомафија „падна“ во Финска: Запленети 300 килограми дрога

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија е сигурна дестинација за германски инвестиции

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите…

April 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во време на енергетска криза во ТЕЦ Неготино бил доставува штетен мазут

Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и…

January 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она…

November 27, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?