НЛБ Банка од 23 јуни годинава го укинува надоместокот за физички лица за приклучок на интернет банкарство со право на трансакции со токен од 750 денари, но за увид во состојбата на сметка во МКЛИК ќе наплаќа по 20 денари месечно за одредени тарифи, пренесе Слободен печат. Според новиот предлог Тарифник на оваа Банка, која треба да стартува по 2 месеци, одржување од 45 денари месечно ќе плаќаат нивните клиенти, доколку на сметката имаат повеќе од 100 денари. За повлекување готовина од платежна сметка – на банкарските шалтери ќе се наплатуваат минимум 100, а максимум до 500 денари, додека за пензионерите и примателите на социјална заштита, минималната провизија ќе изнесува 60, а максималната провизија 500 денари.
За деблокада на платежна сметка клиентите ќе треба да платат 500 мкд, додека за уплати кон платежни сметки кои се водат во НЛБ Банка, провизијата ќе биде 60 денари, за трансакции до 10.000 МКД – 100 денари, а за уплати на режиски трошоци кон платежни сметки на правни лица со кои Банката има склучено посебен договор провизијата ќе изнсува 120 денари, стои во новиот предлог ценовник.
- Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица и правни лица, како и во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка, кои ќе се применуваат од 23.6.2025 година – стои во пораката која ја добиле клиентите на оваа Банка. Одтаму известуваат дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, клиентот ги прифаќа промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја извести Банката дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози.
Граѓаните реагираат нервозно на ваквите чекори на НЛБ Тутунска Банка Лани НЛБ пријавила речиси 54 милиони евра профит а сега се соочува со најголемата ПиАр катастрофа од формирањето.