Претседателот на Украина Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши“ само од Трамп.
Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него и, можеби, од Кина, напиша Зеленски на X.
Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон изминатиот викенд во Париз, со кои разговараше за руската инвазија.
Само решителност може да ја доведе оваа војна до крај и да обезбеди долготраен мир, рече Зеленски.
Toj додаде дека Америка има капацитет да прави извонредни работи што другите не успеале да ги направат.
За успешно завршување на оваа војна ни треба единство на Америка, Европа и сите во светот кои ја ценат безбедноста, силните позиции и гаранциите за мир, рече Зеленски.