Голем број жители на Словенија утрово во 03:37 часот ги разбуди земјотрес на длабочина од 12 километри што беше почувствуван низ целата земја.
Според податоците на словенечката агенција за животна средина (Арсо), земјотресот бил со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на осум километри југозападно од Шкофја Лока.
Се проценува дека интензитетот на земјотресот не го надминал нивото V според Европската скала за земјотреси (EMS-98), пренесува порталот на љубљанско Дело.