Легендарниот бенд „Зијан“ ќе одржи концерт на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје. Гевгелискиот бенд ќе настапи во МКЦ по 30 години. Ова е ексклузивен настан кој ја слави нивната 42-годишна кариера и неверојатната енергија на оригиналниот состав кој и денес со иста страст ги изведува своите хитови. Симболично, концертот се одржува на Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите со бендови како ЕКВ, Партибрејкерс, Електрични оргазам, „Зијан“ останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.
Ова е ретка можност да се види и слушне цел оригинален состав во живо, затоа не ја пропуштајте оваа историска вечер, велат организаторите.