Македонските средношколци постигнаа одлични резултати на Балканската математичка олимпијада (БМО) 2025, која се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина. Тимот на Македонија се враќа со пет медали: едно злато, едно сребро и три бронзи, како и едно успешно учество.
Златниот медал го освои Дамјан Давков. Сребрен медал освои Алексиј Тасиќ, додека бронзени медали освоија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски.