strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан
ЗАБАВА

Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан

Објавено April 9, 2025 17:20
strana.mk
Сподели
Сподели

Роберт де Ниро ќе биде еден од почесните гости на 78. Кански филмски фестивал, кој ќе се одржи од вторник, 13 мај, до сабота, 24 мај 2025 година.

Легендарниот актер, режисер и продуцент ќе ја добие престижната почесна Златна палма за животно дело за време на свеченото отворање на фестивалот на 13 мај.

Де Ниро веќе остави длабока трага во Кан – тој претседаваше со жирито на фестивалот во 2011 година, а неговото име е нераскинливо поврзано со филмската историја на фестивалот благодарение на неговите иконски улоги во филмовите на Мартин Скорсезе.

Глумеше во „Таксист“ (1976), кој ја освои Златната палма, како и во „Кралот на комедијата“, кој го отвори фестивалот во 1983 година.

Неодамна се врати во познатата Кроазета со филмот „Убиство под цветната месечина“ во уште една соработка со Скорсезе.

Во официјалното соопштение на организаторите на фестивалот по повод доделувањето на наградата Де Ниро, се наведува: „Постојат лица кои ја симболизираат седмата уметност и филмски линии кои оставаат неизбришлива трага на љубовта кон филмот. Со својот интроспективен стил, кој се одразува во блага насмевка или остар поглед, Роберт Де Ниро стана легенда на кинематографијата.

Во својата изјава по повод наградата, Роберт Де Ниро рече: „Имам посебни чувства за Канскиот филмски фестивал… особено сега, кога има толку многу во светот што нè дели, Кан нè спојува: раскажувачи, режисери, обожаватели и пријатели. Тоа е како враќање дома“.

Ден по доделувањето на наградите „Златната палма“, на 14 мај, Де Ниро ќе одржи мастерклас во театарот „Дебиси“, каде ќе се сретне со публиката и филмските професионалци.

Да потсетиме дека Мерил Стрип и Џорџ Лукас ја добија почесната Златна палма во 2024 година.

Роберт де Ниро ја започна својата кариера работејќи со Брајан Де Палма на филмовите „The Wedding Party“, „Greetings“ и „Hi, Mom!“, а светската слава ја стекна работејќи со Мартин Скорсезе, почнувајќи од филмот „Mean Streets“.

Нивната повеќедецениска соработка го вклучува филмот „Разјарениот бик“, за кој Де Ниро го освои Оскар за најдобар актер. Пред тоа доби и Оскар за најдобра споредна улога во „Кум II“ на Френсис Форд Копола.

Кариерата на Де Ниро вклучува соработки со многу големи режисери, меѓу кои Квентин Тарантино, Дејвид О. Расел, Мајкл Ман, Харолд Рамис и Џеј Роуч. Своето режисерско деби го имаше во 1993 година со филмот „Приказна за Бронкс“.

Покрај глумата и режијата, во 1989 година Роберт Де Ниро ја основа TriBeCa Productions заедно со Џејн Розентал, а во 2002 година го започнаа Филмскиот фестивал TriBeCa за да помогнат во обновата на Њујорк по терористичките напади на 11 септември.

Неговата посветеност на општествените прашања се рефлектира не само во неговата политичка вклученост, туку и во улогите што ги избира – од прикажувањето на организираниот криминал, колапсот на институциите и траумите од војната, до критиките за забавната индустрија и нејзиното влијание врз поединецот.

Официјалниот избор на филмови што ќе бидат прикажани на Канскиот филмски фестивал во 2025 година ќе биде објавен во четврток, на 10 април.

TAGGED:Роберт де Ниро
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
Следна статија Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Уапсен 22-годишникот што усмрти жена на тротоар во Охрид

Вчеравечер во 22.30 часот во СВР…

June 20, 2025

Манев го откри идентитетот на лицето што го уништило синиот ранец на Палчо

Невозможно е Валибор Манев, кој има…

June 20, 2025

Адвокатот Страшевски бара Палевски да се ослободи од вина

Јовица Страшевски, бранителот на Љупчо Палевски…

June 20, 2025

Жена загина прегазена на тротоар во Охрид

Возрасно женско лице смртно настрада во…

June 20, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Како луѓето кои живеат во најстудениот град на планетата ги загреваат своите домови: Сметка за греење од 8 долари (ВИДЕО)

Марија Солко е Јутјуберка која живее во Јакутск, често нарекуван најстудениот град на светот, а во своето неодамнешно видео објасни…

February 19, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Направил торта за внуката со ликот на Тејлор Свифт, па добил урнебесни коментари

На социјалните мрежи кружат вирални фотографии од Британец, кој сакал да ја расположи својата внука, која инаку е голем фан…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Oва е Сало, омиленото гратче на Мусолини

Италијанскиот град Салo – последното седиште и упориште на фашистичката влада во Втората светска војна, му го одзеде статусот на…

February 28, 2025
ЗАБАВА

Два хороскопски знаци кои постојано бегаат од одговорност и обврски

Сите ние понекогаш имаме тенденција да одолговлекуваме, но има луѓе кои редовно ја избегнуваат одговорноста и тешко се справуваат со…

January 8, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?