Гледам многу политички аналфабети го минимизираат ставањето на Груби и негов судија на црната листа, вели аналитичарот Ивор Мицковски и ги наведува причините зошто е овој потег важен.
Важно е затоа што се руши деструктивниот момент на ДУИ, им се пресекува петтоколонашката и дестабилизациска акција против Македонија, им се руши и потенцијалниот наследник на Али, се руши нивниот про-европски, про-амерички наратив и монопол како недопирливи и безгрешни.
Им се тргаат рацете од судството кое заедно со СДСМ се уште го контролираат и преку обвинители и судии си пуштаат луѓе да избегаат или никогаш да не одговараат.
Но, најважно од се, е дека се рушат и ја губат поддршката од вечниот спонзор, Америка.
Пораката не е дека само се коруптивни и криминални, што одлично го знаеме, туку дека се одвишни и непотребни повеќе, па дури и штетни.
Сега и се дава ветер во грб на власта, да почне да се соочува со криминалот на оваа банда и да ги обезвласти и да им го одземе секој прилив на јавни или криминални пари.
И нормално, да почне да ги апси.
Има уште многу логики, но и вака е доволно.
Затоа, и тоа како е важно што Груби е на црната листа.
А да, им се испраќа и порака за тоа што ги чека СДСМ и да поразмислат со кого саделе или сеуште садат тикви.
Сега е до власта.