strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

Објавено November 2, 2024 09:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Трошоците за образование и обука минатата година биле благо намалени на 3,17 отсто од БДП во 2024 година (за разлика од 3,58 отсто во 2022 година), што е сè уште далеку под просекот на Европската Унија кој е 4,7 отсто. Буџетот за образование се намали како дел од вкупниот државен буџет во 2024 година (9,15 отсто) во споредба со 2023 година (11,7 отсто), се наведува во Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава во областа на образованието.

Во извештајот е нотирано намалување на бројот на ученици – во основните за 0,83 проценти и во средните за 2,52 отсто на почетокот на учебната 2022/2023 година во однос на претходната учебна година. Во 2022/2023 година имало 185 099 ученици (од кои 89 676 женски) во основните училишта и 69 227 (од кои 33 825 женски) во средните училишта.

Во минатата година е зголемен за четири отсто уписот на деца од три до шест години во предучилишните установи, а капацитетот на јавните и приватните градинки во извештајниот период се зголемил за 1072 места. Но, сегашната стапка од 46 отсто, се наведува во Извештајот, сè уште е значително пониска во споредба со целта на ЕУ поставена на 96 отсто.

ЕК во извештајот ги наведува слабите резултати од ПИСА-тестирањето на македонските 15-годишни ученици, спроведено од 2022 година, а кои беа објавени во ноември 2023.

Има назадување во резултатите од учењето на учениците во читањето, математиката и природните науки во земјата, како и намалување во споредба со 2018 година. Во сите три тестови учениците во Македонија постигнаа помалку резултати од просекот на ОЕЦД. Резултатите покажуваат висок процент на ученици на 15 години кои не успеваат да покажат основно владеење (ниво 2) во читање (73,6%), математика (66,2%) и природни науки (65,3%), стои во Извештајот.

За ефикасност на образовниот систем е нагласена потребата од подобрување на училишните капацитети со оптимизација и реструктурирање на училишната мрежа, при што е наведено дека допрва треба да се одобри нов модел на финансирање за основното образование, развиен од Министерството за образование и наука (МОН), чија цел е поефективна прераспределба на средствата низ општините.

ЕК и оваа година укажува дека не се донесени новите закони за средно, средно стручно образование и обука и законот за образование на возрасни.

Стратегијата за образование 2018-2025 е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но нејзините механизми за следење и понатаму не се добро дефинирани. Целите и индикаторите треба да се подобрат за да се овозможи соодветна евалуација на спроведувањето на реформите, укажува Европската комисија.

Нотирана е соработката на компаниите, средните стручни училишта, стопанските комори и Министерството за образование и наука за поддршка на практикантството на учениците во приватни компании што резултирало со 568 дуални паралелки и 8242 запишани ученици во учебната 2023/2024 година.

ЕК го бележи и воведувањето на ЕМИС-системот – информациски систем за управување со образованието (Education Management Information System) како еден од чекорите што државава ги презела за дигитална трансформација на образовниот систем, како и опремување на училиштата и ставање во употреба дигитални учебници во основното образование.

Властите треба дополнително да овозможат развој на дигитални вештини во текот на основното и средното образование, како и зголемување на капацитетите на образовните институции и компетенциите на наставниците да ги развијат овие вештини во согласност со Акцискиот план на ЕУ за дигитално образование 2021-2027 година. Развојот на наставната програма за средното образование вклучително и зелените вештини дополнително беше одложено, бидејќи Законот за средно образование сè уште не е донесен, наведува ЕК.

Во високото образование останува низок бројот на запишани студенти – во учебната 2022/2023 година биле запишани 69 227 (од кои 33 825 женски).

Главниот предизвик останува подобрувањето на квалитетот на високото образование преку развој на процесите за акредитација и обезбедување квалитет. Треба да се донесе нов модел за финансирање на високото образование, се посочува во Извештајот.

Државава продолжи да учествува во Еразмус+ и во 2023 година организации од Македонија учествувале како апликанти или партнери во 828 проекти на оваа образовна програма на ЕУ, како и во Европскиот корпус за солидарност, за вкупен договорен грант од 7,05 милиони евра. Земјата продолжила да учествува и во работните групи на Европската образовна област (European Education Area) 2021-2025 година.

Извештајот нотира и дека Македонија постигнала одреден напредок во инклузивното образование во основните училишта, дека од учебната 2023/2024 година учениците со посебни образовни потреби се запишуваат во редовните основни училишта и се ангажирани 820 образовни асистенти.

За Ромите како ранлива категорија се соопштува дека во учебната 2023/2024 година во основното образование се евидентирани 9657, а во средното 1970, при што околу две третини се стипендисти. Во високото образование се доделени 135 стипендии за студенти Роми.

Посочено е и дека во извештајниот период властите ја усвоиле Националната стратегија за млади за 2023-2027 година заедно со Акцискиот план за 2023-2025 година.

TAGGED:ЕКизвештајученици
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Интервју на Такер Карлсон со Трамп! Камала е „глупава како карпа“, а овој „сојузник“ насилно го плукаа демократите
Следна статија Николоски: Од Охрид ќе може да се лета насекаде кон светот- започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Еврејската заедница останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар

Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење…

October 8, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?