Еден од командантите на елитните сили на Хезболах, Радван, Абас Аднан Муслим е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти утринава израелската армија.
Во соопштението се наведува дека Аднан Муслим е одговорен за бројните ракетни напади врз израелските војници и Израелците од областа Аитарун во јужен Либан, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелската армија посочува дека во текот на изминатиот ден извршила напади врз околу 200 цели на либанската милитантна група Хезболах во Либан.